Во следните редови ги славиме родендените на пионерот во областа на фармакологијата Фридрих Сертирнер, англискиот биохемичар Сер Фредерик Г. Хопкинс, кој ги откри значењето на витамините за растот, и на Вилем Хендрик Кејсом, холандскиот физичар којшто прв успеа да добие цврст хелиум. Освен тоа го чествуваме Џек Килби, таткото на првото интегрирано коло, ја одбележуваме размената на првите трансатлантски телеграми, основањето на Федералната комисија за комуникации на САД и го одбележуваме поставувањето на првиот комерцијален телефонски сервис во Северна Америка.