Рачните секирите се една од најдолго користените алатки во историјата на човештвото. Речиси 600 рачни секири изработени од опсидијан, стари најмалку 1,2 милиони години, се пронајдени во Етиопија во ист јаз, што укажува на присуство на праисториска „каменорезна работилница“. Притоа за изработка на камените рачни секири, кои честопати се нарекуваат и „првиот голем изум на човештвото“, се користела специфична техника за обработка на каменот со делкање (на англиски наречена knapping) .
Рачните секири биле изработувани со делкање на парче камен сè дури не се добие остар раб и не биле прикачени за рачка, туку се држеле во рака. Орудието има карактеристична форма на солза или круша, а биле направени од кремен или, подоцна, од опсидијан – т.н. вулканско стакло.
Првите рачни секири во палеонтолошкиот запис датираат од пред најмалку 1,5 милиони години и се пронајдени во клисурата Олдувај во Танзанија. Се верува дека рачната секира како алат потоа се раширила низ Африка, Јужна Азија, Блискиот Исток и Европа пред околу 500 000 години. И тие сè уште се изработувале дури и пред 40 000 години. Ниту еден друг културен артефакт не е познато дека бил изработуван толку долго време.
Огромниот број артефакти од опсидијан е пронајден на ниво C на локалитетот. a,b – Општ приказ на нивото и детали од густата распределеност на артефактот (a) долж MS карпата и (b) на влезот. c,d – Општ поглед (в) и детали (г) за концентрацијата на артефактот (главно рачни секири) во јамата за тестирање од 2004 година.
Претходните истражувања укажуваа дека каменорезните работилници за првпат се појавиле во праисторијата во Европа пред неколку стотици илјади години, поточно пред околу 774 000 години. Етиопското откритие речиси ги удвојува претходните проценки.
Истражувачите пронашле 578 рачни секири закопани во седиментен талог, при што сите, освен три, биле изработени од опсидијан. Староста на алатките била проценета преку анализа на материјалот околу нив. Проучувањето на секирите открило дека нивната конструкција е слична, што укажува на тоа дека е откриена древна каменорезница.
Не е јасно кои хоминини ги создале алатките. Се чини дека најверојатен кандидат е хомо еректус, кој се појавил пред околу 2 милиони години во Африка и исчезнал од фосилните записи дури пред околу 100 000 години. Меѓутоа, она што истражувањето го открива е ниво на планирање кое честопати им се припишува на подоцнежните човечки предци. Имено, рачните секири биле претходно изработени и складирани, што укажува на тоа дека кај овие праисториски човечки предци од пред 1,2 милиони години постоел концепт на имагинација и подготовка.
Студијата е објавена во Nature Ecology & Evolution.
Огромниот број артефакти од опсидијан е пронајден на ниво C на локалитетот. a,b – Општ приказ на нивото и детали од густата распределеност на артефактот (a) долж MS карпата и (b) на влезот. c,d – Општ поглед (в) и детали (г) за концентрацијата на артефактот (главно рачни секири) во јамата за тестирање од 2004 година. Фото: Nature Ecology & Evolution (2023). DOI: 10.1038/s41559-022-01970-1