Астрономија и астронаутика
На фотографијата е прикажано отвореното sвездено јато NGC 330, оддалечено околу 180 000 светлосни години од нас, сместено во внатрешноста на Малиот Магеланов облак. Ѕвезденото јато кое се наоѓа во соѕвездието Тукан содржи мноштво sвезди, кои се впечатливо расеани насекаде низ фотографијата во прилог.
Објавено на 02.07.2021 - 17:00

Информатика
Ако сте од оние кои поминуваат навистина многу време дружејќи се со играчките конзоли и со видеоигрите, сигурно честопати сте помислувале дали некогаш и самите би можеле да создадете подеднакво привлечна игра или можеби игра која ќе нема “багови” или барем минимален број од нив. А како бонус, сево ова да го направите без некое големо познавање на софтвер, едноставно играјќи... Па, се чини дека е можно!
Објавено на 02.07.2021 - 14:15

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 375 години од раѓањето на германскиот философ, математичар, научник, дипломат и полимат Готфрид Вилхелм Лајбниц и 161 година од смртта на Чарлс Гудјир, човекот којшто ни ја даде гумата во форма каква што денес ја познаваме. Ја одбележуваме појавата на Вокменот, како производ што засекогаш го промени начинот на којшто слушаме музика, и создавањето на SOS сигналот како код за повик за помош.
Објавено на 01.07.2021 - 17:00

Неодамна голем број светски медиуми јавија дека огромен астероид/комета, со пречник од околу 370 километри, е на пат кон Сонцето од граничните подрачја на Сончевиот систем. Но, колку и оваа вест да звучи заканувачки – објектот е со големина на Ѕвездата на смртта од Војна на ѕвездите, место за паника сепак нема.
Објавено на 01.07.2021 - 15:00

Медицина
Американската влада инвестира во развој на антиковид пилула до крајот на 2021 година. Таблетата би се купувала во аптека и би се земала уште при првите симптоми на болеста.
Објавено на 01.07.2021 - 12:45

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме Денот на социјалните медиуми и Денот на астероидот. Покрај ова го одбележуваме денот на Тунгуската експлозија и денот кога Ајнштајн го објави трудот во кој за прв пат ја објаснува теоријата на специјална релативност.
Објавено на 30.06.2021 - 16:00

Информатика
Team Viewer за Android е пригоден начин за далечинско управување со компјутери, таблети и паметни телефони. Но, воедно тој може да биде и меч со две острици – секој со пристап до вашиот отклучен телефон може да побара далечинско управување со зачуваните системи и пристап до доверливи податоци. Најновото ажурирање конечно ја воведува долгоочекувана безбедносна карактеристика.
Објавено на 30.06.2021 - 15:00

Физика
Хокинговата радијација е поим поврзан со црните дупки, космички објекти со енормно голема густина на материјата, па според тоа и огромна гравитациска привлечна сила, од која ниту светлинските кванти не можат да избегаат, па поради тоа тие се нарекуваат црни дупки . Науката во нејзината историја познава само мал број случаи во кои некоја теорија е толку детално развиена како што е случајот со теоријата на црните дупки. Во современата наука до извесно време тие беа третирани како трајни (финални) објекти, меѓутоа, во 1970 година познатиот астрофизичар Стивен Хокинг (Stephen Hawking) ги шокира научниците со неговото теоретско откритие, дека гледајќи од аспект на квантната физика, црните дупки не се трајни објекти, туку и тие постепено исчезнуваат, поради тоа што емитуваат радијација, т.н. Хокинговата радијација, која перманентно им ја намалува нивната маса, додека тие не исчезнат.
Објавено на 30.06.2021 - 14:00

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на Ален Блумлин, генијалниот британски инженер којшто има огромен придонес во областа на телекомуникациите, електрониката и аудиотехниката. Неговите пронајдоци и денес наоѓаат примена во нашето секојдневие. Покрај ова одбележуваме 14 години од започнувањето на продажбата на првиот iPhone и 27 години од едно мошне значајно палеолошко откритие...
Објавено на 29.06.2021 - 15:15

Омнибус
Платежните картички веќе одамна си најдоа и го зацементираа своето место во секојдневието на најголемиот дел од луѓето во светски рамки, а и во Македонија како дел од светот. Употребата на картичките доживеа особен бум од почетокот на пандемијата поттикната со продолжениот престој дома и експлозијата на купувања и нарачки преку интернет. Тука ќе накусо ќе се запознаеме со платежните картички и како да се грижиме за нив.
Објавено на 29.06.2021 - 13:45

Pages