Рубрика: Електротехника
Роденденската промоција на MAKITA AC алати
Објавено на 21.02.2023 - 12:30

Eдна од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, деновиве слави 20 години постоење. По повод јубилејниот роденден Лотулс на потрошувачите им нуди единствена можност да се стекнат со висококвалитетниот алат на Макита по намалени цени.

Понудата со цени намалени од 5% до 60 % вклучува мешалки, ударни одвртувачи, индустриски фенови, полирки, електрични рендиња, вибрациски/ротациски ексцентар/трачни брусилки, реципрочни убодни пили, аголни и прави брусилки, одвртувачи и ударни дупчалки, електропневматски дупчалки и чекани, кружни циркуларни и верижни пили, електрични ножици и тримери, електрични глодалки, електрични пумпи за нечиста вода, електрични индустриски правосмукалки, перачи со вода под висок притисок од програмата на јапонскиот производител Макита кој веќе одамна е синоним за професионален квалитетен алат ширум светот.

Залихите од оваа промоција се мошне ограничени, а резервации не се можни, така што побрзајте да ја искористите оваа прилика за докомплетирање на вашиот професионален или домашен сет алати, бидејќи како што нè информираат од Лотулс нарачките надвор од предвидениот промотивен рок нема да бидат прифатени.

Повеќе информации за понудата на Лотулс може да најдете на нивната фејсбук страница тука

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови: