Инженерите од Државниот универзитет на Северна Каролина имаат предлог: додадете трета боја на зелената и црвената боја на семафорите. Со доаѓањето на автономните возила (АВ), нешто што, признаваме, сè уште претставува научно-фантастична утопија за нас, но е сè пораспространета реалност во некои американски градови (види тука и тука, на пример) - научниците предлагаат да се воведе и сигнализација со „бело светло“ (или која било друга боја), што би им овозможило на АВ да го контролираат протокот на сообраќај на раскрсниците. Деталите за идејата беа објавени неодамна во IEEE Transactions on Intelligent Transportation Systems.
„Белата фаза“, како што истражувачите го именуваат концептот, би функционирала на следниов начин: на раскрсница, автономните возила преку вградениот компјутер комуницираат меѓу себе и со семафорите. Кога на раскрсницата ќе пристигнат доволно АВ, белото светло на семафорот се вклучува, што сигнализира дека овие возила се подготвени да прејдат во режим на возење што ќе го олесни сообраќајот. Во овој момент, возилата управувани од вистински луѓе едноставно го следат движењето на возилото пред себе, се движат ако и тоа се движи или запираат ако возилото пред нив застане. Кога на раскрсницата ќе пристигнат премногу неавтономни возила, белото светло ќе се изгасне и ќе следи употреба на вообичаената зелено-црвена сигнализација.
Концептот на “бела фаза” првично беше предложен во 2020 година, но пристапот беше сосема поинаков. Имено тогаш се сметаше на еден централизиран компјутерски систем кој би ги примал сигналите од АВ кои пристигнуваат на раскрсницата, би ги обработувал податоците и потоа би им давал инструкции на автономните возила како да продолжат. Но, овој концепт бил помалку ефикасен и повеќе склон кон грешки во комуникацијата.
Компјутерските симулации спроведени со новиот концепт на “бела фаза”, пак, дале одлични резултати – белата фаза овозможила помалку застои во сообраќајот, што пак ја намалува потрошувачката на гориво, избегнувајќи го постојаното сопирање и рестартирање типично за градското возење. Притоа колку бил поголем бројот на автономни возила на патот, толку белата фаза била поефикасна во намалувањето на сообраќајот и потрошувачката на гориво: кога 10% од возилата на патот се автономни, доцнењата се намалуваат за 3%; ако процентот на AV се зголеми на 30%, доцнењата се намалуваат за повеќе од 10%.
Истражувачите признаваат дека воведувањето на нова светлинска сигнализација нема да се случи преку ноќ, меѓу другото и поради тоа што за неа сè уште не се подготвени постоечките АВ и затоа што не може да се очекува од брза замена на сите семафори во догледна иднина.
Сепак, би можело да се започне со тестирање на белата фаза на некои специфични места, како што се пристаништата, на пример, каде сообраќајот е густ и каде се користат поголем број на автономни комерцијални возила.