На почетокот од 2020 година компанијата Nuro, која се бави со производство на автономни возила, добила дозвола да ги тестира нејзините први беспилотни возила наменети за достава. По нешто повеќе од една година проектот сè уште напредува, па се чини дека автономните роботи веројатно ќе станат курири на иднината.
Kомпанијата веќе ги тестираше своите роботски возила во Аризона и во Тексас. Притоа возилата коишто се тестираат не смеат да ја надминат брзината од 40 километри на час.
Nuro e првата компанија којашто доби дозвола за производство на возила без традиционални елементи за управување со возењето, како што се волани и ретровизори.
Во 2020 година, компанијата го претстави и прототипот R2, лесно електрично возило дизајнирано да биде целосно автономно. Денес R2 е успешна приказна – по долго време на успешно тестирање на јавните патишта, ова возило доставува храна директно до вратите на клиентите.
Nuro веќе има соработка со големите американски брендови како Walmart и Kroger, а во Хјустон, Тексас, а ланецот пицерии Доминос веќе го користи R2 при испораката на нејзините производи.