Рубрика: Аеронаутика
Воздушна јахта
Автор: Перица Поповски
Објавено на 20.02.2023 - 15:00

Одржливиот хибиден воздушен брод-суперјахта Air Yaht.

Во историјата на воздухопловство постоеле и биле во функција т.н. летачки бродови – дирижабли и цепелини (именувано по фабриката на Цепелин). Леталата најнапред биле употребувани во воени цели, за време на Првата Светска војна, а потоа и како луксузни патнички летeчки бродови. Но, еден трагичен настан привремено ја запечати комерцијалната примена на овие пловила на база на лесен воздух водород – несреќата на Хинденбург што се случи на 6 мај 1937 година во Њу Џерси при што загинаа сите патници и членови на екипажот. Со примената на гасот хелиум наместо водородот којшто е лесно запалив, како да дојде до ренесанса на овие воздушни летала.

Полека, но сигурно се остваруваат соништата и фантазиите од филмовите за тајниот агент 007. Неверојатната “воздушна јахта“, концепт дизајн претставен од Lazzarini Design Studio наликува на катамаран што плови по небото. А зошто и не кога се работи за “чудо” кое освен што лета, плови и по вода.

Одржливиот хибиден воздушен брод-суперјахта Air Yaht

Пјерпаоло Лазарини е познат по екстравагантните дизајни. Летечкиот катамаран Air Yaht наместо традиционалните паралелни трупови е изграден од два поврзани бимплонa (воздушни брода) погонувани со сончева енергија.  Бимплоните се долги 150 метри, а помеѓу нив е сместен централниот труп  долг 80 метри и широк 10 метри. Главната кабина, трпезаријата и дневниот престој се наоѓаат во централниот труп, од каде на патниците им се овозможува панорамски поглед од 360º, кон небото и долу кон земјата. Истовремено, во двата воздушни брода се сместени по пет соби со големи прозорци, што овозможуваат престој на вкупно 22 патника.

Двата воздушни брода се исполнети со по 400 000 m3 гас хелиум под притисок. Ова овозможува летачката јахта да крстари по небото со лежерно темпо од 111 километри на час (60 јазли, ако некој е по наутичките мерни единици) и да може да лета цели 48 часа пред да има потреба од повторно полнење на гориво. Кога плови по вода, пак, Air Yaht  се движи со брзина од 5 јазли, односно 9 километри на час.

Неверојатната воздушна јахта е катамаран е дизајнирана да крстари и по небото и по водените површини

На врвот од централниот труп има хелиодром, веројатно за патниците што се брзаат да стигнат таму каде што наумиле нешто побрзо од она што го овозможува максималната брзина на Air Yaht.

На врвовите од двата воздушни брода и централната гондола се поставени соларни панели кои генерираат енергија за ултралесните батерии  на хибридното летало што ги поттикнуваат елекричните ротори на бродот.

Импресивниот дизајн е претставен како одржлив облик за луксузно патување кое истовремено претставува и суперјахта и воздушен брод.

Дизајнот со бимплони се појавува и кај други компании што се во потрага по светиот грал на зелениот авиотранспорт. Така калифорниската компанија H2 Clipper претстави нешто “поприземен” концепт на воздушен брод што би се користел за превоз на патници и товар.

Дирижаблите се почесто како инспирација во потрагата по 'зелен' дизајн воздухоплови. Тука концепт дизајнот на калифорниската компанија H2 Clipper 

Клучни зборови:
Одржливиот хибиден воздушен брод-суперјахта Air Yaht.

Одржливиот хибиден воздушен брод-суперјахта Air Yaht.

Одржливиот хибиден воздушен брод-суперјахта Air Yaht

Одржливиот хибиден воздушен брод-суперјахта Air Yaht

Неверојатната воздушна јахта е катамаран ќе плови по небото и по водените површини

Неверојатната воздушна јахта е катамаран ќе плови по небото и по водените површини

Дирижаблите се почесто како инспирација во потрагата по 'зелен' дизајн воздухоплови

Дирижаблите се почесто како инспирација во потрагата по 'зелен' дизајн воздухоплови. Тука концепт дизајнот на калифорниската компанија H2 Clipper