Енергетика
По повод 20 години присуство во македонскиот електроенергетски сектор, тимови од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје работеа на студија чија цел беше да се даде приказ на влијанието на компанијата врз развојот на електроенергетскиот сектор во земјава, но и поширокото економско, општествено и социјално влијание во изминатите две децении.
Објавено на 11.05.2026 - 17:45

Астрономија и астронаутика
Земјата орбитира околу Сонцето со брзина од 107 826 километри на час и се ротира еднаш околу својата оска на секои 24 часа. Сепак, ние не ја чувствуваме оваа ротација во нашиот секојдневен живот.
Објавено на 11.05.2026 - 15:45

Историја и археологија
Постојат патишта што служат само за движење, и постојат патишта што ја менуваат историјата. Виа Егнација е од вторите. Таа не била обична римска сообраќајница од камен, прашина и воена дисциплина, туку една од големите линии по кои античкиот свет се поврзал од Јадранот до Босфорот. На нејзините плочи чекореле легии, трговци, гласници, мисионери, робови, бегалци, царски пратеници и патници што не знаеле дека, движејќи се од град до град, стануваат дел од една цивилизациска артерија.
Објавено на 11.05.2026 - 12:15

Медицина
Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.
Објавено на 10.05.2026 - 18:15

На граница на науката
Министерството за војна на САД на нивната сметка на X извести за објавата на првиот пакет фајлови кои се однесуваат на т.н. НВФ/НЛО феномени, а од кои сега е симната заштитата за строго доверливи документи. Според досега објавените јавни податоци, станува збор за најголемата координирана објава на материјали кои се однесуваат на НВФ/НЛО досега преземена од американската влада. Докази за вонземјани нема (засега) но, секако интересно е да се види што има во нив.
Објавено на 10.05.2026 - 17:30

Информатика
Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства. Вчера во Охрид, регионалната технолошка конференција собра околу 200 високи одлучувачи од Македонија, Албанија и Косово, со поддршка на вендорите Check Point, Cisco, Juniper, Dell, IBM, Zebra, VMware, Veeam и Microsoft, кои изнесуваа ставови во рамки на три тематски панели и отворен дијалог за иднината на индустријата.
Објавено на 08.05.2026 - 18:00

Енергетика
Во 2022 година, со војната во Украина, започна енергетска криза. Пред околу два месеца, со воената интервенција на САД врз Иран, кризата се продлабочи. Геополитичката ситуација во светот е таква што снабдувањето со енергија денес не е ниту сигурно ниту одржливо. Што може да се направи за ова да се промени и за да се постигне напредок против овој голем проблем?
Објавено на 08.05.2026 - 17:30

Медицина
Крузерот „Хондиус“, кој од јужноамериканските води и Антарктикот се движеше кон Атлантикот, одеднаш стана симбол на една стара, но ретка здравствена закана во нова глобална ситуација: патници од повеќе земји, затворен бродски простор, нејасен почеток на заразата, починати лица, евакуации, трагање по контакти и страв кај јавноста дека уште еднаш еден брод може да стане подвижна здравствена криза.
Објавено на 07.05.2026 - 12:15

Информатика
Вештачката интелигенција го менува речиси секој слој од дигиталната инфраструктура, но можеби никаде толку тивко и суштински како во светот на складирањето податоци. Додека јавноста главно се фокусира на моделите како генеративната ВИ и нивното влијание врз пазарот на трудот, во заднина се случува подеднакво важна револуција – онаа што одредува каде ќе се чуваат податоците, колку брзо тие ќе бидат достапни и колку се безбедни.
Објавено на 07.05.2026 - 11:45

Телекомуникации
Стручната литература на македонски јазик посветена на радиоаматерството се збогатува со уште едно вредно дело. Деновиве од печат излезе книгата „Радиоаматерството во Македонија – развој, криза, нов почеток“, од авторот Владимир Ковачески (Z35M).
Објавено на 06.05.2026 - 18:15

Pages