Интересни вести од нашето соседство – Земјоделскиот факултет во Чачак стана единственото место во Србија каде што е можно да се врши сензорно тестирање на прехранбените производи, бидејќи во таа високообразовна институција беше отворена сензорска лабораторија, резултат на соработката на експерти од земјоделските факултети во Чачак и во Белград.
Поради одличните човечки ресурси, но и одличната соработка со други, релевантни институции, сензорската лабораторија беше отворена токму во Чачак. Покрај вкусот, мирисот и изгледот на храната, особено месото и сирењето, отсега научните истражувачи ќе имаат можност да ги подобрат и нутритивните квалитети на храната. Сензорните проценки на производите, за само неколку минути, ќе се најдат во сите краишта на светот, благодарение токму на дигитализацијата.
Презентацијата на ваквото истражување, кое подразбира дека дигитализацијата не ја заобиколила прехранбената индустрија, е од исклучителна важност за Земјоделскиот факултет во Чачак, како што потврди проф. д-р Владимир Курќубиќ, продекан за настава и наука.
“Ќе го оценуваме, во зависност од тестовите кошто се бараат субјективниот пристап кон квалитетот и она што можеме да дијагностицираме со нашите хедонски сетила, преку тој софтвер кога се прави евалуацијата ќе може да се оценуваат истите примероци. Софтверот сам ги обработува податоците, штом се направи анализа добивате готови статистички резултати”, – вели тој.
Современиот метод за одредување на квалитетот на храната со помош на компјутерски визуелен систем го разви Игор Томашевиќ, професор на Земјоделскиот факултет од Белград, пред три години, со што докажа дека е многу подобар од традиционалниот метод.