“Да се доживее стотата” , пееја своевремено членовите на Бјело Дугме. Но колку е ова возможно? Според последните податоци од Еуростат очекуваниот животен век при раѓање во 2020 година во Македонија бил 74,4 години, додека во ЕУ – 82,4 години. Сепак, постојат среќници кои не само што ја надминуваат оваа бројка, туку стигаат и до тоа на нивната роденденска торта да дуваат стотина свеќи. Но, што одредува кој ќе го достигне векот? Дали е доволно само да вежбате и да се храните здраво или е потребно и нешто друго?