Автомобилска техника
Нема некој друг развој на настаните во животот за личност како Назим Нада, роден во 1982 г. во САД, растел во северна Италија, а студирал и докторирал на два факултети во Англија (теоретска физика и практична математика), покрај забележителните хобија во падобранство и пилотирање авиони, освен да основа компанија за производство на електрични автомобили од висока класа во Милано. Компанијата ја основал во јуни оваа година (2022), а нејзиното име е AEHRA.
Објавено на 21.07.2022 - 15:15

Информатика
Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници коишто го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во очекувањата на корисниците. Колку и како бизнисите одговараат на потребите на клиентите? Како новите бизнис модели им помагаат на компаниите да растат? Како влијаат промените во заштита на приватноста во маркетинг стратегиите и тактиките? Кои се новите (дигитални) сфери на кои мора да имаме фокус? Ова се дел од прашањата на кои ќе понудат одговори, искуства и размислувања експертите во полето на дигиталниот маркетинг и бизнис трансфорамација, на најновото, надградено издание на единствената дигитална конференција кај нас, AllWeb.
Објавено на 20.07.2022 - 15:45

Омнибус
Пред точно 3 години ЕМИТЕР и ФЕИТ потпишаа договор за соработка со којшто секое ново електронско издание на ЕМИТЕР, вклучително и претходните до 2015 година, станаа достапни за студентите и вработените на ФЕИТ во рамките на мрежата на нивниот матичен факултет. Со продолжување на соработката сега е обезбеден пристап уште подлабоко во архивата на претходни броеви на ЕМИТЕР (заклучно со 2013 година), со што студентите добиваат можност бесплатно да читаат стручни статии од нивната област, но и другите сегменти од науката и техниката што ќе го побудат нивниот интерес.
Објавено на 20.07.2022 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Тим истражувачи од повеќе институции во САД открија дека содржината на метал во брзите облаци на Фермиевиот меур не е во склад со материјалот во галактичкиот центар на Млечниот Пат, што укажува на тоа дека барем дел од тој материјал потекнува од друго место. Во нивниот труд објавен во списанието Nature Astronomy, тимот ја опишува нивната анализа на составот на облаците и нивните заклучоци.
Објавено на 20.07.2022 - 13:45

Астрономија и астронаутика
На денешен ден, пред точно 53 години, во 20 часот и 17 минути (UTC), вселенската мисија Аполо 11 беше крунисана со огромен успех. Двајцата патници сместени во месечевиот модул успешно стасаа на целта – Месечината. По серија маневри за слетување, во командниот центар на НАСА одекнаа зборовите што Нил Армстронг ги изговори од површината на друго небесно тело: „Орелот слета“.
Објавено на 20.07.2022 - 11:00

Информатика
Договорот за консултации со дизајнерот на iMac и iPhone заврши по само три години. Apple и сер Џони Ајв конечно се разделија, при што двете страни се согласија да го прекинат консултантскиот договор од 100 милиони долари, потпишан во 2019 година.
Објавено на 19.07.2022 - 17:30

Архитектура и градежништво
Отворањето на прозорците во текот на ноќта и спуштањето на ролетните во најсончевиот дел од попладнето е добро познат ‘старински’ начин на разладување на домот. Сега, едно ново истражување спроведено од Универзитетот на Орегон измери колкаво е влијанието на овие стратегии за пасивно ладење и дали со нив може да се спречи домовите да станат опасно топли при екстремните топлотни бранови.
Објавено на 19.07.2022 - 14:00

Металство и машинство
Некогаш извонредни идеи паѓаат на ум кога си најопуштен и случајно се доаѓа до ефикасно решение на некој незгоден и нерешлив проблем. Така, и протагонистот од видеото приложено подолу се решава да го редизајнира велосипедот. Му паѓа на идеја наместо класични тркала со гуми да стави пили од циркулар – лудост која веднаш ја оправдува со користење на велосипедот на мраз. Еволуцијата на идејата ја имаме од почетниот стадиум т.е. на ниво на скица до изведба. И токму во тој момент е клучот што го одделува овој проектант од лудак и непресметлив човек. Некои граници се речиси невидливи!
Објавено на 18.07.2022 - 12:15

Геологија
Ерупцијата што го потресе кралството Тонга, во Полинезија, на 15 јануари, продолжува да се проучува. Прелиминарната проценка го потврди тоа дека се работи за најголемата вулканска експлозија забележана во 21-виот век.
Објавено на 15.07.2022 - 15:30

Медицина
Изминува четвртата недела од почетокот на петтиот бран на корона вирусот и дневните броеви на новодијагностицирани моментално растат најбргу од почетокот на бранот (на дијаграмот на првата слика). Меѓутоа, темпото на раст е значително помало од претходните бранови, односно ефективниот репродукцисики број Rt (на дијаграмот на втората слика) нема многу високи вредности.
Објавено на 14.07.2022 - 12:45

Pages