Германскиот производител на батерии за автомобили Varta AG соопшти дека кибер нападот што се случил во понеделникот ја пореметил работата на пет производствени погони. Детали за нападот беа дадени во официјално соопштение од компанијата, објавено во вторникот.
„Синоќа, 12 февруари 2024 година, VARTA Group беше цел на кибербер напад врз делови од нејзините ИТ системи. Тоа влијаеше на пет производствени капацитети и на администрацијата“, соопштија од компанијата.
Производителот на батерии соопшти дека неговите ИТ системи и производствени капацитети се привремено „исклучени од интернет“ и „проактивно исклучени од безбедносни причини“.
„Во согласност со планот за вонредни состојби при вакви ситуации, веднаш се преземени неопходните мерки на претпазливост“, соопштија од компанијата.
Компанијата соопшти и дека сè уште се утврдува обемот на нанесената штета, но и дека „најмногу внимание се води за обезбедување на интегритет на податоците“.
Веднаш била формирана работна група составена од експерти за кибер-безбедност и експерти за форензика на податоци. Тимот има задача што поскоро да го нормализира работниот процес, како и да ја санира штетата предизвикана од нападот.
Засега сè уште нема детали околу природата на инцидентот, иако многумина шпекулираат дека е можно да се работи за ренсомвер.
Влијателниот германски медиум Handelsblatt откри дека цената на акциите на Варта падналa за 4,75% по објавата на објави инцидентот.
Кибер напад со сличен обем и исход е забележан во мај 2023 година, кога францускиот производител на електроника Лакроа (Lacroix) бил принуден да затвори три од своите фабрики по нападот.