Рубрика: Физика
Први научни докази за патување низ времето?
Објавено на 09.02.2024 - 12:30

Неделава, повикувајќи се на трудот објавен неодамна во Nature Physics, хрватски Клик извести дека научниците откриле докази за патување низ времето. Но, пред да почнете да ги барате временските патници во вашето опкружување, има една “разочарувачка” страна од веста – во основа истражувањето ја исклучува можноста (барем засега) дека некој некогаш да патува назад во времето. Но, иако во макросветот  времето во вселената тече само во една насока, на микроскопско ниво се чини дека времето не се однесува целосно линеарно.

Истражувањето на Тил Бомер и Томас Блохович, обајцата од Техничкиот универзитет во Дармштат во Германија и  водечките автори на студијата „Временската реверзибилност за време на стареењето на материјалите“,се фокусира на ефикасно „мешање“ на времето во структурата на одредени материјали како што е стаклото.

Студијата истражувала како составот на материјалот се менува со текот на времето. Стаклото има една од најфасцинантните структури од сите предмети што луѓето ги користат секој ден.Наместо да ги следат традиционалните молекуларни структури, стаклените молекули, всушност, постојано се разместуваат на нови позиции. Поради ова, стаклото постојано го менува времето на молекуларно ниво.

За да се тестира оваа идеја, структурите на стаклото биле набљудувани со ултра чувствителна камера, со помош на расеана ласерска светлина. Истражувачите забележале како примероците од стакло се туркаат и преобликуваат во нови аранжмани.

Поради начинот на којшто стаклото внатрешно се движи вака, научниците не можат да кажат дали промените што се случуваат нанапред или наназад. Тоа е фасцинантна идеја, која иако не ги приближува луѓето кон можноста за патување низ времето, сигурно ќе го промени начинот на кој сите размислуваме за одредени материјали што ги користиме секој ден.

Резултатите од ова истражување доаѓаат откако научниците минатата година објавија ново истражување кое би можело да го промени нашето разбирање за тоа што теоретски би можело да биде возможно со патувањето низ времето. Во основа, споменатото истражување објавено во Optica ја исклучува можноста некој некогаш да патува назад во времето. Според таа студија покажа дека времето во вселената може да тече само во една насока и сето тоа благодарение на новото истражување за светлината и начинот на којшто таа се однесува со другите објекти.

Клучни зборови: