Во петок, во Народна техника – Скопје, ќе се одржи првиот состанок за одбележување на педесетгодишнината од формирањето на „Хели“ клубот. На состанокот ќе треба да се реши кој ќе биде организатор на прославата по повод јубилејот, "Heli XC", Народна техника или Воздухопловната федерација на Македонија.
Кубот „Хели“ е формиран 1974 година и претставува значаен воздухопловен центар и институција од каде се ширеше културата во регоинов по прашање на „крилата за слободно летање“ (змаеви и параглајдери) и ултралесните летала, што тогаш ги нарекуваа со сега веќе застарениот термин „лесни летала“.
Сашо Генчев пред старт
На состанокот ќе присуствуваат основачите кои сѐ уште се меѓу нас, роднини на тие што си заминале, претставници од повеќе генерации летачи, Народна техника, ВФМ и други.
„Хели“ клубот е формиран во Скопје со седиште во Народна техника, а подоцна бил регистриран како „Хели Клуб на лесни летала“. Сега го носи името "Heli XC", со подружница во Крушево, и продолжува да функционира како значаен светски центар. Додавката "XC" е ознака за "Cross country" или како што се нарекува вештината „прелет“ на големи растојанија, што е обележје за долгодеценискиот и сегашен лидер на клубот Игор Тодевски.