Рубрика: Информатика
Една „безопасна“ карактеристика на смартфоните ја загрозува приватноста на корисникот
Објавено на 09.02.2024 - 14:30

Паметните телефони станаа неопходност – ги користиме за да разговараме со оние кои се далеку, да гледаме видеа или да фаќаме прибелешки, но тие се и алатка со која вршиме плаќања и банкарски операции. Во овој поглед, истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) во Бостон открваат ранливост што е заедничка за многу уреди, а која во иднина би можела да биде искористена за следење на нашите активности, па дури и добивање на чувствителни шифри и пинови. Станува збор за светлинските сензори.

Кога користиме некоја од функциите на нашиот телефон или таблет, на пример камерата или микрофонот, вообичаено софтверот бара дозвола од корисникот. Меѓутоа, ова не се случува со амбиенталните сензори што го детектираат нивото на околното осветлување и соодветно ја прилагодуваат осветленоста на екранот. Студијата, спроведена од тимот на MIT, објавена во Science Advances на почетокот од оваа година, го изложи проблемот преку развиње на алгоритам што ги препознава варијациите во светлината “фатена” од сензорите за да ја реконструира патеката што ја изминуваат нашите прсти во близина на екранот.

Процесот за реконструкција на движењето на раката со користење на слики од сензорот за амбиентална светлина

Алгоритмот бил тестиран на Андроид таблет во различни сценарија: со приближување на вистинска рака до уредот, потоа со рака од манекен-кукла и на крајот со картонски исечок. Во сите три случаи, софтверот успеал да ги реконструира силуетите на прстите, дури и кога тие биле малку матни. Добрата вест е дека времето потребно за реконструкција на движењата е подолго од она што може им искористи на хакерите, барем засега. Имено, на истражувачите им биле потребни 3 минути и 18 секунди за реконструкција на секоја од сликите, што е толку бавно што секој што би се обидел да ги примени добиените информации не може да одржи чекор со брзата интеракција потребна за отклучување на паметниот телефон или таблет. Но, не треба сосема на се опуштаме. Рафинирањето на алгоритмот, што секако може да се случи во блиска иднина, би довело до појасно и навремено реконструирање на движењата.

Според научниците од овој проект, ова е првпат да биде документирана ранливост од овој тип. За да ги спречите хакерите во нивните намери, тие даваат неколку ефективни совети за ограничување на потенцијалните ризици. Прво, можете да ја поставите осветленоста на екранот од автоматска на рачна, а исто така корисно е да ја намалите прецизноста и брзината на подигање на уредот, со што би се спречила реконструкција на сликите со висока резолуција. За производителите, научниците предлагаат поставување на сензорите на страните од уредот, а не од предната страна. Со ова би се избегнала интеракцијата со сенките од рацете на корисникот.

Клучни зборови: