Климатологија
Непал го преместува базниот камп на Еверест. Како причина се наведени климатските промени и големиот број луѓе кои се собираат во него.
Објавено на 30.06.2022 - 11:45

Медицина
Истражувачите од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД успеаја да ги елиминираат сите преканцерозни лезии кај глувци. Како? Со вбризгување на насочен имунотоксин директно во млечните канали.
Објавено на 29.06.2022 - 15:15

Информатика
Корисниците на Инстаграм ширум светот од утрово известуваат за различни проблеми на оваа популарна платформа.
Објавено на 29.06.2022 - 14:15

Омнибус
Тајландската фармерска заедница соработуваше со Универзитетот Чианг Маи на уникатен експеримент – во храната на одгледуваните кокошки се додавал канабис наместо антибиотици. Одлуката е донесена откако епидемија на птичји бронхитис ги зарази сите кокошки, и покрај тоа што тие ја добиле нивната доза од антибиотикот. Според тајландскиот национален дневен весник, резултатите се чини дека се позитивни – кокошките повеќе не се болни, а месото и јајцата дури се подобриле во квалитетот, пишува тајландскиот весник The Nation.
Објавено на 28.06.2022 - 16:15

Астрономија и астронаутика
Плутон можеби го изгуби статусот на планета во 2006 година, но тоа не значи дека тој автоматски стана неинтересен. Напротив, очите на астрономите сè уште се насочени кон нашиот мал пријател од периферијата на Сончевиот систем. Но, да го свртиме за момент нашето внимание кон неговиот постојан придружник – Харон. Плутон и Харон орбитираат еден околу друг, иако пречникот на Харон е околу половина од оној на Плутон.
Објавено на 28.06.2022 - 14:15

Метеорологија
Преносот на топлина со конвекција значително се зголемува кога течноста е подложена на осцилирачка наместо константна температура. Феноменот на конвекција е добро познат на сите: го набљудуваме кога зовриваме вода во тенџере. Водата на дното, потопла, се крева и го ослободува вишокот енергија во близина на површината, која е постуденa, пред да се спушти. Овој начин на пренос на топлинска енергија се случува во системи од многу поголеми размери, какви што се атмосферата и океаните, и игра клучна улога во динамиката на планетата. Затоа, овој процес долго време е изучуван во физиката и е опишан со моделот Рејли-Бенард. Но, еден случај претходно беше слабо познат – кога температурата на еден од слоевите осцилира со текот на времето, како тлото на Земјата која е подложена на наизменичното менување на денот и ноќта.
Објавено на 27.06.2022 - 13:30

Автомобилска техника
Замислете систем што би дозволил полнење на возилото со електрична батерија без тоа да мора да запре? Токму на ова работат научниците од Универзитетот на Канзас во САД. Оваа нова peer-to-peer и технологија базирана на облак е сè уште само идеја, но нејзината реализација се чини сосема возможна! Штом стане достапна оваа технологија, таа сигурно ќе го намали стресот на возачите во врска со автономијата на нивното возило....
Објавено на 24.06.2022 - 12:15

Биологија
Demodex folliculorum на човечка кожа виден под микроскоп фото: Универзитет Рединг
Ако досега не сте знаеле, во нашата кожа живеат ситни паразитски грини и за околу овој факт не можете да сторите ништо. Тие живеат во порите од нашето лице (и брадавиците!) и излегуваат само ноќе – движејќи се меѓу фоликулите на косата во потрага по партнер. Ужас!
Објавено на 23.06.2022 - 12:15

Медицина
Дневните броеви на нови случаи започнуваат да растат. Околу ова прашање не останува многу простор за дискусија, односно шпекулирање, бидејќи сите индикатори покажуваат во една насока – нагоре. Во меѓувреме пристигна и една загрижувачка вест. Досега вообичаено сметавме дека сите кои прележале ковид се заштитени од тешка форма на болеста при реинфекција. Но, резултатите од едно ново научно истражување креваат црвено знаме за тревога...
Објавено на 23.06.2022 - 10:15

Екологија
Вашиот јаглероден отпечаток можете да го намалите не само ако внимавате на тоа што го јадете, туку и ако водите сметка од каде доаѓа вашата храна. За прв пат, една студија го проценува процентот на емисиите што се припишуваат на транспортот на храна на глобално ниво. Според ова, транспортот на храна е одговорен за речиси 20% од емисиите на јаглерод диоксид поврзани со храната. Бројките зборуваат сами за себе!
Објавено на 22.06.2022 - 13:45

Pages