Рубрика: Астрономија и астронаутика
Првата фотографија од сондата SLIM откри зошто соларните панели не функционираат
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 25.01.2024 - 13:30

Дека сондата SLIM лежи превртена потврди снимката направена од роверот LEV-2

Неколку дена по слетувањето на Месечината, пристигна првата фотографија од јапонската сонда. Јапонската вселенска агенција (JAXA) ги објави снимките од SLIM (Smart Lander for Investigating Moon) на Месечината што ги потврдија стравувањата. За жал, сондата не е во посакуваната положба, таа е превртена наопаку и поради тоа соларните панели не можат да работат. Ова може да се види од фотографијата снимена од Lander-eye Viewfinder-2 (LEV-2), еден од малите роботи што сондата SLIM ги донесе со себе до површината на Месечината и кој сега се наоѓа во близина на сондата.

Сликата откри неочекувано сценарио: горниот дел од SLIM се гледа како лежи на лунарната почва, додека неговите соларни панели, за жал, се блокирани. Положбата на сондата ефективно го спречува снабдувањето со сончева енергија. Овој неочекуван настан го остави лендерот зависен од ограничените резерви енергија во батериите, кои сега се сметаат за празни.

Првата снимка добиена од самата сонда (лево, коригирана во вистински правец) откри дека сондата сосема извесно не се наоѓа во оптимална положба. Дека таа лежи превртена потврди снимката направена од роверот LEV-2 (десно) Фото: JAXA

Иако има неколку работи што SLIM требаше да ги направи и кои засега не е во можност да ги исполни, според JAXA SLIM сепак постигна нешто кое во моментов се опишува како „минимален“ успех на вселенското летало. „Минимален“ затоа што успеа прецизно да слета на Месечината и да испрати слики до Земјата снимени од еден од двата роботизирани ровера што беа испуштени непосредно пред слетувањето. Потврдено е дека комуникацијата помеѓу LEV-1 и LEV-2 (двата мали робота) функционира нормално, што е добра вест. Малите ровери работат добро и токму од нив пристигнаа сликите на сондата SLIM. Снимките направени со LEV-2 и испратени на Земјата со помош на комуникациските системи на LEV-1 нудат јасен поглед на сондата и нејзината непосредна околина.

Мозаична слика од површината на Месечината, снимена со MBC камерата монтирана на SLIM (лево) и зголемен приказ од истиот пејзаж (десно) Во сивата зона десно недостасуваат податоци поради прекинот на операцијата на скенирање Фото: JAXA, RITSUMEIKAN UNIVERSITY, THE UNIVERSITY OF AIZU

Во моментов е познато дека почетното спуштање се случило без инциденти, сѐ до ненадејното губење на потисок на висина од приближно 50 метри над површината на Месечината. Последователните податоци открија дека една од главните млазници на моторот се откачила – критичен дефект што може да значи катастрофа за мисијата. Сепак, благодарение на внимателно изработениот дизајн на вселенското летало, SLIM можеше да го продолжи да се спушта користејќи само еден мотор. Ова му овозможи на лендерот да стигне до површината на Месечината, но она што притоа страничното движење не можеше да се корегира, што резултираше со превртување на лендерот наопаку при слетувањето.

Реконструкција на клучните моменти од слетувањето и настанатиот проблем Фото: JAXA

Еден важен успех на мисијата зависи од местото на слетување на сондата, односно дали таа слета токму на претходно утврденото место со маргина на грешка од не повеќе од 100 метри. Имено, прецизноста кон која целеа Јапонците ја издвојува оваа мисија од сите досегашни мисии чијашто маргина грешка при слетувањето отсекогаш била неколку километри. На последната конференција беше објавена фотографија која открива дека леталото успеало да се спушти мошне блиску до предвидената цел, 55 метри подалеку од посакуваната локација, што е досега најпрецизно слетување.

Потврда за прецизноста на слетувањето на сондата Фото: JAXA

Делумниот успех на мисијата SLIM е важна пресвртница за јапонското вселенско истражување. Сондата ја покажа способноста на јапонците да стигнат до Месечината и да пренесат слики од нашиот сателит до Земјата. Понатаму, фактот што лендерот успеа да слета на многу прецизна точка претставува значителен напредок во споредба со претходните мисии.

JAXA сега ги анализира податоците собрани од мисијата за да утврди дали активностите на SLIM може да се обноват.

Клучни зборови:
Дека сондата SLIM лежи превртена потврди снимката направена од роверот LEV-2

Дека сондата SLIM лежи превртена потврди снимката направена од роверот LEV-2 Фото: JAXA

Првата снимка добиена од самата сонда SLIM (тука коригирана во вистински правец) откри дека сондата сосема извесно не се наоѓа во оптимална положба

Првата снимка добиена од самата сонда SLIM (тука коригирана во вистински правец) откри дека сондата сосема извесно не се наоѓа во оптимална положба

Потврда за прецизноста на слетувањето на сондата

Потврда за прецизноста на слетувањето на сондата

Реконструкција на клучните моменти од слетувањето и настанатиот проблем

Реконструкција на клучните моменти од слетувањето и настанатиот проблем Фото: JAXA

Мозаична слика од површината на Месечината, снимена со MBC камерата монтирана на SLIM

Мозаична слика од површината на Месечината, снимена со MBC камерата монтирана на SLIM Во сивата зона десно недостасуваат податоци поради прекинот на операцијата на скенирање Фото: JAXA, RITSUMEIKAN UNIVERSITY, THE UNIVERSITY OF AIZU

Мозаична слика од површината на Месечината, снимена со MBC камерата монтирана на SLIM и зголемена за повеќе детали

Мозаична слика од површината на Месечината, снимена со MBC камерата монтирана на SLIM и зголемена за повеќе детали. Во сивата зона недостасуваат податоци поради прекинот на операцијата на скенирање Фото: JAXA, RITSUMEIKAN UNIVERSITY, THE UNIVERSITY OF AIZU