Омнибус
Секоја година во изминатава декада, Media Solutions и KeepAnEye го организираат изборот за сајт на годината. Избор за сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и да ги поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во Македонија.
Објавено на 27.11.2020 - 12:30

Роботика
Прскање на минијатурните објекти
Група истражувачи од Сити универзитетот (CityU) од Хонг Конг создадоа спреј којшто овозможува неживите предмети да се претворат во подвижни машини со големина на инсект. Спрејот содржи честички железо, поливинил алкохол и глутен, кои во комбинирација со вода формираат лепливи, магнетни површини – кожинки.
Објавено на 26.11.2020 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на Јулиус фон Мајер, германскиот лекар кој го откри законот за одржливост на енергијата, и на Ноберт Винер, еден од најголемите математичари на дваесетиот век, познат и како татко на кибернетиката.
Објавено на 26.11.2020 - 10:00

Медицина
За жал, се покажува дека и плазмата богата со антитела, земена од пациенти кои прележале ковид-19, не спасува животи. Ова се резултатите од најновата студија објавена вчера во The New England Journal of Medicine. И таа не е единствената што наведува на ваков заклучок (види најдолу).
Објавено на 25.11.2020 - 14:30

Омнибус
Во овој времеплов го одбележуваме роденденот на македонскиот астрофизичар Паскал Сотировски и го одбележуваме првото издание на “За потеклото на видовите”, книгата која донесе револуција во претставувањето на научната мисла.
Објавено на 24.11.2020 - 17:30

Информатика
Twitter ги прошири своите можности и ја лансираше новата опција “fleets“, а во прашање се твитови кои исчезнуваат по 24 часа, слично како и фотографиите на Инстаграм.
Објавено на 23.11.2020 - 11:45

Информатика
EnGenius ги најави своите надворешни пристапни точки со висок капацитет Wi-Fi 6 (802.11ax), достапни за целиот свет почнувајќи од октомври годинава. Новите пристапни точки, кои се отпорни на сите надворешни влијанија, ја користат најновата Wi-Fi 6 технологија, која е потребна за поддршка на сè поголемите барања за широкопојасност во надворешни средини со голема посетеност, како што се стадионите, аеродромите, паметните градови и парковите. Платформата Qualcomm ® Networking Pro 400 ги напојува надворешните пристапни точки ECW260 и EWS850AP 11ax (Wi-Fi 6).
Објавено на 20.11.2020 - 12:30

Аудио и видеотехника
Ексклузивна уметничка изложба Missing Masterpieces, под покровителство на компанијата Samsung, претставува дигитална колекција на некои од најпознатите и најинтригантни ремек-дела, за прв пат достапни за секого и за кои се стравува дека се изгубени засекогаш. Благодарение на можностите на напредната технологија, исчезнатите дела на светски познати уметници, како што се Ван Гог, Сезан и Моне, сега ќе бидат достапни за корисниците на нивните Samsung The Frame телевизори.
Објавено на 18.11.2020 - 12:00

Омнибус
Првиот и водечки центар за обуки од областа на информатичките технологии во земјава, Семос Едукација одбележува 25 години од своето постоење. Откако во првите години се посвети на воспоставување на стандардите и трендовите во IT индустријата во нашата земја и во регионот, компанијата низ годините прерасна во респектиран субјект во светски рамки и вистински промотор на земјата во областа на интернационалната IT едукација.
Објавено на 17.11.2020 - 13:00

Pages