Рубрика: Историја и археологија
Релјеф стар 11 000 години е можеби најраниот приказ на наративна сцена
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 09.12.2022 - 13:15

Неодамна археолозите ја открија најраната позната наративна сцена, која раскажува древна приказна, стара 11 000 години. Откритието е направено  на локалитетот Сајбурч во југоисточна Турција.

Двата панела прикажуваат луѓе во интеракција со опасни животни. Во едната, маж го држи неговиот фалус додека леопарди му се приближуваат од двете страни. На другиот панел, маж што чучи и држи штракало или змија се соочува со бик. Нагласени се забите на леопардите и роговите на бикот, со што се истакнува опасноста во сцените.

Двете врежани сцени, една крај друга, во комуналната зграда

Иако слични примерои од уметност се пронајдени и во други антички населби во регионот, сликите од локалитетот Сајбурч се единствени по тоа што изгледаат како да се поврзани една со друга. Обата панела се поставени хоризонтално непосредно еден до друг, создавајќи сцена што се развива. Притоа на обата се претставени слични призори – некој што се соочува со опасни животни – што исто така укажува на кохерентен наратив.

Според археологот д-р Ејлем Оздоган од Универзитетот во Истанбул “Oвие фигури, врежани заедно за да прикажат наратив, се првите познати примери за ваква целосна сцена. Се работи за слика од приказните што ја формирале идеологијата на луѓето од тој период“.

Ископините од комуналната зграда сместени помеѓу две градби од современото село

Откритието, објавено во списанието Antiquity, било направено за време на ископувањата во Сајбурч кои започнале во 2021 година. Локацијата се наоѓа под модерното село во провинцијата Шанлиурфа во Турција. Ископувањата откриле дека локалитетот бил населен во време на неолитот, во 9 милениум п.н.е. Се работи за период на важна транзиција, кога луѓето го промениле начинот на живот од номадско ловци-собирачи кон земјоделие и живот во потрајни населби како Сајбурч.

Археолозите откриле неколку станбени објекти како и голема комунална градба, која мошне извесно била место за посебни собири, со клупи што ги обложувале ѕидовите. Наративните слики биле пронајдени врежани во задните потпирачи на некои од овие клупи.

Детаљ од панелот на којшто е прикажан човек/маж како го држи фалусот додека му се приближуваат два леопарди

Според археолозите објектот ги има сите карактеристични обележја на комуналните објекти во регионот. Во склоп на градбата, како и кај други слични градби, се пронајдени слико од животни и луѓе. Меѓутоа, она што го разликува објектот од другите се фигурите карактеристични за периодот кои коегзистираат и формираат сцена. Со оглед на тоа што овој уметнички приказ бил во склоп на важна структура, археолозите веруваат дека фигурите прикажани во наративните сцени биле важни ликови за оваа рана земјоделска заедница. Можеби историски или митски личности кои биле клучен дел од традициите на заедницата.

Комуналната градба е само делумно ископана, така што сè уште може да се откријат повеќе сцени од оваа древна приказна.

Клучни зборови:
Двете врежани сцени, една крај друга, во комуналната зграда

Двете врежани сцени, една крај друга, во комуналната зграда

Ископините од комуналната зграда сместени помеѓу две градби од современото село

Ископините од комуналната зграда сместени помеѓу две градби од современото село

Детаљ од панелот на којшто е прикажан човек/маж како го држи фалусот додека му се приближуваат два леопарди

Детаљ од панелот на којшто е прикажан човек/маж како го држи фалусот додека му се приближуваат два леопарди