Рубрика: Астрономија и астронаутика
Орион се враќа дома, следете го директниот пренос од настанот
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 11.12.2022 - 14:45

Како што веќе пишувавме со спроведување на мананеварот што му овозможи да излезе од лунарната орбита, на 1-ви декември Орион го започна своето повратно патување кон Земјата. По ова на 5 декември леталото го направи својот последен прелет крај Месечината и се упати назад кон Земјата, па очекувањата се дека денес, 11 декември, Орион треба да се спушти во водите на Тихиот Океан крај калифорнискиот брег, во близина на Сан Диего. По ова тим од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во соработка со американската морнарица, треба да го собере вселенското летало од океанските водите.

Тимовите се веќе на локација го очекуваат леталото што треба да навлезе во атмосферата со брзина од 40 000 km/h.

На 24-тиот ден на летот од мисијата Артемида I, оптичката навигациска камера на Орион ја сними оваа црно-бела фотографија на Земјата. Орион ја користи оптичката навигациска камера за фотографирање на Земјата и на Месечината во различни фази и растојанија, обезбедувајќи повеќе податоци за подобрување на ориентацијата на вселенското летало при идните мисии со екипаж.

Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на јутјуб каналот на НАСА, а преносот ќе започне во 17 часот по македонско време

Со ова треба да заврши мисијата Артемида 1, со вкупно времетрање од 25 дена. За повеќе избрани медиуми утре ќе биде организиран и дочек на капсулата.

Се надеваме дека слетувањето ќе биде успешно од прва, за разлика од лансирањето ;)

Следете го преносот од враќањето на Орион тука
Клучни зборови:
На 24-тиот ден на летот од мисијата Артемида I, оптичката навигациска камера на Орион ја сними оваа црно-бела фотографија на Земјата.