Информатика
Горјан Јовановски е прогласен за најдобар млад иноватор во Европа за 2020 година за својата мобилна апликација AirCare, која го мери квалитетот на воздухот и придонесе да се откријат вистинските размери на аерозагадувањето во Македонија. Дваесет и седумгодишниот софтверски инженер и екоактивист од Скопје победи во конкуренција на иноватори до 30 години на World Summit Awards, коишто беа доделени во рамките на Европскиот фестивал на млади иноватори во Грац.
Објавено на 04.12.2020 - 12:45

Аеронаутика
Месец декември е период кога се прави резимеа и се сумираат резултатите постигнати во текот на изминатата година. Така направи и Mеѓународната воздухопловна федерација – ФАИ, организација за промоција на воздухопловството и астронаутиката. Вечерва, на посебна церемонија во Лозана, Швајцарија, на која уводен збор имаше претседателот на ФАИ, Боб Хендерсон, беа објавени добитниците на медали и признанија за достигнувања во областа на воздухопловството. Навистина беше гордост да се слушне името на нашиот Коста Стојановски како добитник на дипломата Paul Tissandier.
Објавено на 03.12.2020 - 23:45

Омнибус
Глобалната иницијатива за помагање на одржлив развој (GeSI) на првиот ден од WebSummit ја лансираше кампањата за глобалното движење „Дигитално со цел“ (Digital with purpose). Новиот идентитет на брендот и филмскиот манифест на движењето беше изработен од Ridley Scott Creative Group, со седиште во Амстердам.
Објавено на 03.12.2020 - 13:00

Информатика
Најголемиот настан од областа на технологијата, конференцијата Web Summit што секоја година се одржува во Лисабон, Португалија, започнува денес.
Објавено на 02.12.2020 - 13:30

Информатика
Kaspersky го најави комплетирањето на неколку од планираните важни активности од иницијативата за транспарентност Global Transparency Initiative со префрлањето на складирањето податоци и процесирањето на активности од Русија во Швајцарија, како и со отворањето на петтиот Центар за транспарентност на компанијата во Северна Америка. Со зголемената транспарентнoст, компанијата сака да поттикнe на поголема соработка за зголемување на безбедноста и интегритетот на модерните софтверски производи.
Објавено на 02.12.2020 - 10:45

Астрономија и астронаутика
По 57 години работа опсерваторијата Аресибо веќе не постои. Како што јавува магазинот Science, 900 тони тешката платформа со инструменти, којашто висеше над чинијата сместена во карстните брегови на Порторико, колабираше вчера утро, во 8 часот наутро по локално време
Објавено на 02.12.2020 - 00:30

Астрономија и астронаутика
Големата конјункција претставува посебен случај кога тие две тела речиси целосно се преклопуваат едно зад друго, па гледано од Земјата изгледа како тие речиси наполно да се споиле во едно единствено тело. Токму ваков случај набргу им претстои на двете џиновски гасовити планети во Сончевиот систем, Јупитер и Сатурн, па деновиве тие го привлекуваат вниманието кон себе...
Објавено на 01.12.2020 - 13:15

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на австрискиот физичар Кристијан Доплер, португалскиот невролог и зачетник на неврохирургијата Антонио Мониш, и на англискиот физичар Смитсон Тенант. Покрај ова го славиме пуштањето во употреба на првиот среднобранов предавател на Радио Скопје, и раѓањето на ултрапопуларната игра Понг.
Објавено на 30.11.2020 - 21:00

Медицина
До овој момент, 29 ноември 2020, објавени се 21 клиничкa студија за ивермектин против ковид-19. Од нив, 8 се рандомизирани, а 13 се ретроспективни или нерандомизирани испитувања. Сите 8 рандомизирани студии известуваат за позитивни ефекти, со вкупно проценето намалување на релативниот ризик за 72%.
Објавено на 30.11.2020 - 11:15

Медицина
Дигиталниот маркетинг е област што постојано се менува, и тоа е истовремено и негова предност, но и недостаток. Како да бидеме во тек со сите иновации што секојдневно се случуваат во оваа индустрија? Информацијата можеме да ја добиеме на различни начини. Еден од нив е со помош на подкасти. Во овој напис во кратки црти ви ги презентирам моите 3 омилени подкасти кои сметам дека ќе бидат корисни за сите оние што се бават со дигитален маркетинг.
Објавено на 30.11.2020 - 10:00

Pages