„Дали кога сите луѓе истовремено би седнале во океанот би очекувале да се покачи неговото ниво?” – хипотетичко и забавно прашање произлезено од љубопитните и умни детски глави.
Образложението е следно:
Ако ја наполните кадата до врвот и влезете во неа, тогаш забележувате дека водата ќе се прелие од неа. Тоа се случува бидејќи вашето тело едноставно зазема дел од просторот што претходно го зафаќала водата. Бидејќи во кадата има цврсто дно и страни, единствена насока во која може водата да се помести е нагоре или нанадвор. Делот од просторот кој го зазема телото, се нарекува волумен. Количеството вода што се излева од кадата е еднакво на волуменот од вашето тело. Сега размислете за ситуација во која кадата е полна до половина. Додека влегувате во неа волуменот на вашето тело ја турка водата нагоре. Сепак, можете да пресметате колку ќе се покачи нивото на водата со едноставни математички равенки.
Претпоставуваме дека кадата претставува „правоаголна кутија”. Вие можете да пресметате за колку ќе се покачи нивото на водата кога ќе седнете во неа, земајќи ги во предвид колкав е волуменот што и го додавате на кадата и на која површина се шири овој волумен. За кадата со должина од 1,5 метри и ширина од 0,7 метри, површината и е 1 квадратен метар. Сега, да се пресмета вашиот волумен. За да се поедностави процесот, да претпоставиме и дека вие сте во форма на „една правоаголна кутија”. Ако вашата висина е 1,2 метри, ширината 0,5 метри, а дебелината 0,4 метри, тогаш волуменот на телото ќе биде пресметан како производ од трите димензии и на крај се добиваат 0,24 кубни метри. Кога ќе седнете во кадата додавате отприлика половина од волуменот на телото. Од друга страна, тоа значи дека висината на порастот на нивото на водата претставува количник од половината од волуменот на вашето тело и површината што ја има кадата. Користејќи ги претходните проценки, ова би довело до пораст на нивото на водата од 0,12 кубни метри поделено со 1 квадратен метар, односно на крај се добива како резултат околу 12 сантиметри. Тоа сигурно би го забележале.
Ајде да се преобратат овие пресметки во пошироки размери. Да си ги претставиме океаните како своевидни огромни кади. Со оглед на тоа што повеќе од 70 проценти од Земјината површина се океани, на овој вид „када” отпаѓа површина околу 360 милиони квадратни километри.
За да сфатиме за колку ќе се покачи водата мораме да го знаеме бројот на сите жители на Земјата кои што истовремено би седнале во него и да се подели со површината на океанот. Во моментот на Земјата има околу 8 милијарди луѓе. Но, тука спаѓаат луѓе од сите старосни групи. По претпоставка дека просечната висина е 1,5 метри, малку повеќе од просечна висина на дете, се добива волумен од 0,3 кубни метри. Бидејќи тие би седнале само половина од волуменот ќе влијае на порастот на висината на океанот. Со оглед на тоа што бројката на жители е 8 милијарди волуменот ќе биде производ од бројот на жители и просечниот волумен од 0,15 кубни метри, на крај се добиваат 1,2 милијарди кубни метри, кои би се додале на океаните. Иако оваа бројка е огромна, сепак таа треба да се подели со површината што ја имаат океаните, односно со 360 милиони квадратни километри. И добиениот резултат е само 0,0033 милиметри. Кога сите 8 милијарди жители потполно би се потопиле во океанот волуменот ќе биде целосен, а тоа значи само удвојување на претходно добиениот резултат, односно 0,0066 милиметри, а што може да се спореди само со ширината на влакното од косата. Навистина има премногу луѓе на Земјата, но едноставно и океаните се преголеми.