Мапирањето на светските езера откри зголемување на бројот на помали езера. Податоците се алармантни бидејќи тие испуштаат големо количество јаглерод диоксид и метан.
Езерата се природни фабрики за стакленички гасови – тие придонесуваат за 20% од глобалните емисии на CO2, процент предодреден да расте во наредните години поради климатските промени. Студијата објавена деновиве во Nature Communications за прв пат детално ги мапираше сите 3,4 милиони постоечки езера и оние што постоеле на планетата од 1984 до 2019 година. Се покажа дека бројт на малите езера, со површина помала од еден километар кврадратен, е во пораст и ова не е добра вест.
Црно езеро – едно од 27-те езера од ледничко потекло на Шар Планина
Во последните 40 години глобалната површина покриена со езера се зголемила за 46 000 км2, што е површина рквивалентна на речиси две Македонии. Почнувајќи од 1984 година, нето-годишниот пораст на емисиите од овие залихи на вода е 4 800 000 тони за CO2 и 30 000 тони за метан. Кон ова особено придонесуваат малите езера, кои иако претставуваат само 15% од вкупниот број, во ова зголемување учестувале со придонес на 45% од вкупниот CO2 и 59% од вкупно креираниот метан.
Како се формирале овие нови езера? Постојат две главни причини зошто бројот на малите езера е во пораст во последните години. Прво, тука се климатските промени, кои придонесоа за топење на глечерите и вечниот мраз (пермафрост), како и зголемување на малите резерви со слатка вода. Второ, човековата активност – околу половина од новите езера се од вештачко потекло.
Моклишко (Ваташко) езеро е едно од единствените две урниски езера во Македонија, настанато во 1956 година по масивен одрон на земјиште
Зошто малите езера испуштаат толку многу стакленички гасови? Езерата вообичаено испуштаат стакленички гасови поради бактериите и габите кои се хранат со мртви растенија и животни депонирани на дното. Притоа помалите езера акумулираат поголеми количества органска материја што потоа се претвора во гас. Тие, исто така, најчесто се поплитки што им олеснува на стакленичките гасови да се пробијат до површината на водата и, оттаму, во атмосферата.
Според истражувачите, овие нови податоци можат да бидат од голема корист во разбирањето на тоа како да се намалат емисиите на стакленички гасови