Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на Јулиус фон Мајер, германскиот лекар кој го откри законот за одржливост на енергијата, и на Ноберт Винер, еден од најголемите математичари на дваесетиот век, познат и како татко на кибернетиката.
Објавено на 26.11.2020 - 10:00

Медицина
За жал, се покажува дека и плазмата богата со антитела, земена од пациенти кои прележале ковид-19, не спасува животи. Ова се резултатите од најновата студија објавена вчера во The New England Journal of Medicine. И таа не е единствената што наведува на ваков заклучок (види најдолу).
Објавено на 25.11.2020 - 14:30

Омнибус
Во овој времеплов го одбележуваме роденденот на македонскиот астрофизичар Паскал Сотировски и го одбележуваме првото издание на “За потеклото на видовите”, книгата која донесе револуција во претставувањето на научната мисла.
Објавено на 24.11.2020 - 17:30

Информатика
Twitter ги прошири своите можности и ја лансираше новата опција “fleets“, а во прашање се твитови кои исчезнуваат по 24 часа, слично како и фотографиите на Инстаграм.
Објавено на 23.11.2020 - 11:45

Информатика
EnGenius ги најави своите надворешни пристапни точки со висок капацитет Wi-Fi 6 (802.11ax), достапни за целиот свет почнувајќи од октомври годинава. Новите пристапни точки, кои се отпорни на сите надворешни влијанија, ја користат најновата Wi-Fi 6 технологија, која е потребна за поддршка на сè поголемите барања за широкопојасност во надворешни средини со голема посетеност, како што се стадионите, аеродромите, паметните градови и парковите. Платформата Qualcomm ® Networking Pro 400 ги напојува надворешните пристапни точки ECW260 и EWS850AP 11ax (Wi-Fi 6).
Објавено на 20.11.2020 - 12:30

Аудио и видеотехника
Ексклузивна уметничка изложба Missing Masterpieces, под покровителство на компанијата Samsung, претставува дигитална колекција на некои од најпознатите и најинтригантни ремек-дела, за прв пат достапни за секого и за кои се стравува дека се изгубени засекогаш. Благодарение на можностите на напредната технологија, исчезнатите дела на светски познати уметници, како што се Ван Гог, Сезан и Моне, сега ќе бидат достапни за корисниците на нивните Samsung The Frame телевизори.
Објавено на 18.11.2020 - 12:00

Омнибус
Првиот и водечки центар за обуки од областа на информатичките технологии во земјава, Семос Едукација одбележува 25 години од своето постоење. Откако во првите години се посвети на воспоставување на стандардите и трендовите во IT индустријата во нашата земја и во регионот, компанијата низ годините прерасна во респектиран субјект во светски рамки и вистински промотор на земјата во областа на интернационалната IT едукација.
Објавено на 17.11.2020 - 13:00

Информатика
Eдинствената организација во земјата и во Западен Балкан целосно посветена на промовирање на асистивната технологија и дигиталната инклузија ‘Отворете ги прозорците’ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), го промовираа комуникаторот Говорко, нова апликација наменета за поддршка на деца со попречен говор.
Објавено на 16.11.2020 - 21:00

Омнибус
Дионис Пашлаков, Z32DP , пензионираниот професор по биологија од Неготино, замина во вечниот незаборав резервиран само за луѓе со благородна душа.
Објавено на 16.11.2020 - 20:45

Омнибус
Во овој времеплов одбележуваме 75 години од основањето на УНЕСКО, лансирањето на рускиот спејс-шатл Буран и лансирањето на сондата Венера 3. Го одбележуваме и денот кога Мајкрософт го лансираше Xbox и кога се појави првиот комерцијален оглас за еден микропроцесор. Покрај ова го славиме и роденденот на францускиот математичар, механичар, физичар, филозоф и музички теоретичар Жан Даламбер.
Објавено на 16.11.2020 - 19:45

Pages