Рубрика: Информатика
AV-Comparatives го именува Kaspersky Internet Security како производ на годината
Автор: Јулијана Дамјановска
Објавено на 18.03.2021 - 16:15

Во годишниот извештај објавен од независната тест-лабораторија AV-Comparatives водечкото решение за безбедност на домашните корисници на Kaspersky – Kaspersky Internet Security – беше одликуванo со наградата Производ на годината 2020 по импресивен шести пат.

Касперски се најде пред 16 од неговите конкуренти, постигнувајќи ја Advanced+ наградата во седум од ригорозните тестови, со што компанијата се рангираше највисоко од производите тестирани за нивните решенија за безбедност на Windows.

Во текот на изминатата година, корисниците повеќе од кога и да е се потпираа на технологијата за да бидат во контакт со најблиските, но и за да продолжат да работат далечински кога канцелариите и училиштата беа затворени. Kaspersky ги заштити во целост своите клиенти од променливите кибер-закани, со најробусните и најефикасните производи на пазарот. Оваа заложба е препознаена и реафирмирана преку постигнувањето на шест клучни годишни награди од AV-Comparatives, за одличните резултати на производот во текот на изминатите 12 месеци.

 

Конкуренцијата за наградата Производ на годината 2020

Kaspersky Internet Security ги надмина сите 16 конкуренти во текот на тест-периодот и ги доби Advanced+ Awards наградите за постигнатите максимални резултати во поглед на перформансите на производот, во сите седум тестови во текот на целата година. Меѓу овие тестови вклучени се и два полугодишни теста за заштита во реалниот свет, два теста за заштита од малициозен софтвер, два теста за мерење на ефикасноста и еден тест за подобрен реален свет.

Покрај тоа, Касперски доби пет дополнителни почести за следниве специфични критериуми за тестирање:

Advanced Threat Protection Gold – за највисоки резултати на тестот за подобрен реален свет, каде што експертите за AV-Comparatives имитираат напредни насочени напади кои имаат за цел да навлезат во заштитениот систем, да ескалираат привилегии и да активираат злонамерен товар;

Real-World Protection Gold – за највисоки резултати во осум од тестовите за заштита во реалниот свет кои се засноваат на реални напади во реалниот свет и вклучуваат лажни позитивни проценки;

Lowest False Positives Silver – за најмал број лажни позитиви во текот на осум тестови во реалниот свет и два теста за заштита од малициозен софтвер во текот на 2020 година;

Malware Protection Bronze – за високи резултати во откривањето на малициозен софтвер и за минимална количина на лажни позитиви во рамките на два теста за заштита од малициозен софтвер од 2020 година;

Best Overall Speed Bronze – за минимално влијание на безбедносното решение врз перформансите на системот преку синтетички и кориснички засновани сценарија на две различни хардверски групи.

Среќни сме што Kaspersky Internet Security ја доби наградата за производ на годината 2020 за заштита од малициозен софтвер, заради високите стандарди на изведба и лесниот за употреба интерфејс. Настаните од минатата година покажаа дека не само големите претпријатија, туку и секое домаќинство има потреба од високоефективна заштита од компјутерски криминал. Касперски уште еднаш ја докажа својата способност да ги заштити уредите и податоците на крајните корисници, постигнувајќи резултати од прва класа и достигнувајќи го врвното ниво во сите категории на тестови на АВ-компаративи“, вели Андреас Клементи, основач и извршен директор на АВ- Comparatives.

Бидејќи поединците и семејствата имаат доверба во дигитализацијата, заштитата на нивнните податоци и нивната приватност од кибер-закани е побитна од кога било. Независната природа на AV-Comparatives и неговото темелно и ригорозно тестирање на производот им овозможуваат на потрошувачите одличен увид во можностите на решенијата на пазарот. Воодушевени сме што нашата посветеност кон создавање побезбеден свет за нашите клиенти е признаена не само со Наградата за производ на годината, туку и со повеќе достигнувања во однос на клучните критериуми за тестирање“, вели Антон Иванов, потпретседател на Одделот за истражување на закани во Kaspersky.

За повеќе информации во врска со годишниот извештај на AV-Comparatives за 2020 година и кој се беше во кругот на тестираните, прочитајте повеќе тука.

Решенијата на Kaspersky се достапни во Македонија во КАБТЕЛ, www.kabtel.mk, долгогодишен Kaspersky Platinum Partner.

 

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови: