Рубрика: Психологија
За талентот за ‘разговор’ со мачките
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 17.03.2021 - 11:45

Секој што некогаш живеел со мачка или имал прилика да набљудува некој примерок од овие грациозни животни, барем еднаш во животот се запрашал “За што ли размислува?”. Како што се тврди во една студија, малкумина се способни точно и брзо да ги протолкуваат изразите од лицето на мачката. Но, затоа пак тие би можеле да го споделат овој свој ‘талент’ со сите.

Стереотипот сигурно е стар колку и човекот – кучињата се верни и предвидливи животни, мачките се неразбирливи и мистериозни. Но, работите не се поставени токму така и во реалноста. Впрочем, според едно поново истражување ако не се разбирате баш најдобро со вашиот четириножен домашен мустаклија, виновни сте си самите вие и вашата неталентираност за “меѓувидова” комуникација.

Дали можете да прочитате што мисли секој од нив?

Токму ова го тврди Џорџија Мејсон од Универзитетот во Гвелф, Канада, која го спроведе истражувањето со цел да открие колку луѓето навистина се способни да ја препознаат емоционалната состојба кај мачките преку проучување на изразите на лицето од животните.

Истражувањето ги употребува класичните видео-содржини достапни на интернет во кои главна улога имаат мачките. Видеата биле модифицирани за да се прикрие контекстот и да се насочи вниманието кон лицата на протагонистите. Потоа, повеќе од 6 000 испитаници биле замолени да ја наведат емоционалната состојба на животното во секое од видеата. Во просек, учесниците точно ја процениле емоционалната состојба на мачката во околу 50% од случаите. Но, само 13% од испитаниците го надминале прагот од 75% на точни одговори. Патем, ако сакате и самите да се обидете во ‘читањето’ на мачешките лица тоа можете да го направите  тука.

Освен што ќе ви помогне вам за да им објасните на пријателите зошто вашата мачка се однесува толку чудно, откритието на Мејсон и нејзиниот тим може да има мошне практични импликации.

Повеќе од јасно е дека “мачешките шепкачи” се способни да ги прочитаат микроекспресиите на лицето од мачката, нешто што на остатокот од “нормалниот свет” не му поаѓа од рака. Кога би можеле подеднакво добро да ги читаме лицата на нашите миленици тогаш сигурно и се избегнале повеќето од “недоразбирањата” кои завршуваат со гребаници. Знаењето, секако, би било од корист и за ветеринарите, кои полесно би “комуницирале” со овие нивни крзнени пациенти, што би значело помалку “недоразбирања” и во ординацијата и делумно олеснета дијагностика wink.

 

Дали ова лице изразува позитивна или негативна емоција? Вистинскиот одговор се чини го знаат само 'мачешките шепкачи'

Клучни зборови:
Дали ова лице изразува позитивна или негативна емоција? Вистинскиот одговор го знаат само 'мачешките шепкачи'

Дали ова лице изразува позитивна или негативна емоција? Вистинскиот одговор го знаат само 'мачешките шепкачи'

Дали можете да прочитате што мисли секој од нив?

Дали можете да прочитате што мисли секој од нив?