Аудио и видеотехника
Истражувачки тим на Мајкрософт објави нов модел на вештачка интелигенција кој го претвора текстот во говор и може да произведе сечиј глас. За новиот модел, наречен VALL-E, потребнa е само аудиоснимка од три секунди. По завршување на процесот на учење на тонот на гласот, вештачката интелигенција може да го репродуцира истиот ‘глас’ како кажува било што, истовремено одржувајќи и емотивен тон, пренесува Ars Technica.
Објавено на 13.01.2023 - 15:00

Автомобилска техника
Самото управување на автомобилот отсекогаш било проблем за сите оние кои немаат слух и чувство за механика. Така, еден од поголемите проблеми во управувањето со автомобилот е да се почувствува моментот кога треба да се смени брзина доколку менувачот на автомобилот е мануелен. За новајлија и за сите оние кои немаат чувство за механика ова е голем проблем. Од друга страна, и за останатите, самиот процес на промена на брзината е досадна рутинска работа која одзема време и внимание. Доколку пак автомобилот се вози во големите градски гужви согласно режимот “тргни-застани-тргни...“ проблемите со бесвест се усложнуваат. Има решение и тоа е вградување на целосно автоматски менувач потпомогнат со хидродинамичка спојка. За нив имаме повеќе пишувано во ЕМИТЕР ...
Објавено на 13.01.2023 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Првиот петок 13-ти во оваа 2023 година можеби и нема да биде толку несреќен како што тоа вообичаено се смета. Имено, една комета што не поминала покрај нашиот дел од Сончевиот систем уште од последното ледено доба, овој петок (13-ти), ќе нè посети за првпат по 50 000 години. Последниот пат кога оваа комета се појавила на ноќното небо, хомо сапиенсот и неандерталците ја делеле планетата, а домородните Австралијци само што пристигнале до овој континент преку копнените мостови на југоисточна Азија.
Објавено на 12.01.2023 - 14:15

Историја и археологија
Мумијата на Рамзес 2
По 3300 години, големиот фараон Рамзес II „воскресна“ со помош на археологијата, физичката антропологија, литературните извори и современите техники за обработка на слики. Најпознатиот египетски фараон умрел на 90-годишна возраст, оставајќи зад себе мноштво жени и деца, храмови и освојувања, свесен дека го направил Египет поголем. Но, без да знае дека и тој ќе стане негативен лик во библискиот наратив. Имено Рамзес II бил идентификуван од грчкиот епископ Евсебиј од Цезареја (265-340 н.е.) како фараонот кој не сакал да го пушти еврејскиот народ на слобода во Книгата на егзодусот, и кој затоа бил казнет од познатите „чуми“.
Објавено на 12.01.2023 - 12:00

Психологија
Колкупати во текот на денот чувствувате дека сте под стрес? Па, да ви пружиме извесна (мала) утеха за таквите моменти: иако стресот воопшто не е пријатен, се чини дека во мали дози ја фаворизира способноста за паметење. Според едно американско истражување засновано на искуствата на 1200 млади возрасни лица, ниските до умерени нивоа на стрес имаат потенцијал да ја подобрат работната меморија, привремениот “склад” од каде што ги вадиме информациите што ни се потребни. Меѓутоа, ако анксиозноста надмине одреден праг, овие придобивки стануваат ништожни.
Објавено на 11.01.2023 - 16:45

Астрономија и астронаутика
Едно ново истражување што ги користи податоците од системот Early Release Observations (ERO) на вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) на НАСА откри 87 галаксии што би можеле да бидат најраноформираните галаксии во универзумот за кои знаеме. Откритието ги приближи астрономите чекор поблиску до откривањето на моментот кога галаксиите за првпат се појавиле во универзумот – во периодот околу 200 до 400 милиони години по Големата експлозија.
Објавено на 10.01.2023 - 15:15

Информатика
Неодамна беше откриен нов малициозен софтвер кој ги искористува безбедносните пропусти во околу триесет различни додатоци на WordPress. Досега има заразено илјадници страници засновани на WordPress и се проценува дека е активен со години.
Објавено на 10.01.2023 - 13:30

Омнибус
Хрватска стана една од четирите земји што развиваат пилот-проект за дигитален пасош. Системот го развива хрватската државна Агенција за комерцијално стопанисување од каде објаснуваат дека цечиот проект е сè уште во зародиш и дека неговиот развој трае најмалку една година.
Објавено на 09.01.2023 - 13:45

Автомобилска техника
Нема вечни соодноси! Особено во економијата. Кога пред три децении електричните автомобили сè уште беа мисловен поим, само по некој ентузијаст, во сопствена режија, преправаше класичен автомобил во електричен и така го возеше по патиштата. И знам дека тогаш најголем нивни проблем беше како да го регистрираат возилото, бидејќи електричната енергија од домашниот приклучок беше мошне евтина и често спаѓаше во социјалната категорија штитејќи го стандардот на населението, па од трошковна страна возењето беше гледано за бадијала, преевтино или едноставно кажано – ‘џабе’. Денес, со сериското производство на електрични автомобили, односите на ова поле се променија и тежиштето лека полека почна да се поместува кон балансирање на цената на енергенсите за погон на автомобилите. Дојдовме до старата вечна вистина дека цената на еден киловат-час енергија е приближно иста независно од видот на енергијата. Така, возењето на автомобил на електрична енергија е сè поскапо и веќе сега во некои држави во западна Европа е поскапо и од возењето на бензин.
Објавено на 09.01.2023 - 12:15

Електротехника
Прва јавна демонстрација на радиото на Тесла
На денешен ден се навршуваат точно 80 години од смртта на еден од најзначајните изумители и визионери на современото доба – Никола Тесла, најпознат по неговите придонеси во дизајнирањето на современите системи за напојување со наизменична струја и по Теслиниот трансформатор. Зад себе оставил околу 300 патенти во целиот свет за своите пронајдоци, а бил и почесен доктор на петнаесет универзитети во Европа и во Америка. За животот, делото и изумите на Никола Тесла во ЕМИТЕР имаме пишувано повеќепати. Во оваа прилика би сакале повторно да го споделиме за вас овој напис за неговите достигнувања и визии за иднината...
Објавено на 07.01.2023 - 21:00

Pages