Информатика
Се ближи крајот на оперативните системи Windows 7 и 8. Имено, почнувајќи од следната недела, од 10 јануари, Мајкрософт ја прекинува техничката поддршка за нив, односно ги откажува безбедносните ажурирања за тие верзии од Windows оперативните системи. Истовремено ќе биде пуштена и нова верзија на интернет прелистувачот Microsoft Edge, кој воедно ќе биде и последен што ќе ги поддржува споменатите оперативни системи.
Објавено на 05.01.2023 - 14:30

Омнибус
Најновите достигнувања во доменот на вештачката интелигенција која стана сеприсутна во уредите и машините околу нас – од автомобилите, роботите до кујнските апарати, ќе биде целосно прикажана на годишниот Саем за потрошувачка електроника (CES) што ќе се отвори утре, 5 јануари, во Лас Вегас.
Објавено на 04.01.2023 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Првата фотографија од јужнокорејската мисија Данури
Првиот јужнокорејски лунарен орбитер Данури испрати црно-бели фотографии од површината на Месечината со Земјата над неа, соопшти во вторникот корејскот национален вселенски центар. Името на Мисијата Данури, чие име претставува комбинација од корејските зборови за „Месечина“ и „уживање“, беше лансирана на почетокот од август минатата година со ракета на SpaceX. Леталото следеше долга, кружна патека што овозможи голема заштеда на гориво, но поради тоа во орбита на Месечината влезе дури минатиот месец.
Објавено на 04.01.2023 - 02:15

Автомобилска техника
На фотографијата се гледа еден хаварисан автомобилски дел. Се работи за кардански зглоб за погон на предното тркало од некој СУВ или поробусно теренско возило. Да направиме една “обдукција“ или вештачење...
Објавено на 03.01.2023 - 13:45

Психологија
Во овој период секојдневно слушаме “ СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! ” СРЕЌА – Што всушност значи овој поим? За него честопати мислиме дека е имагинарен, дека е привилегија само на најбогатите, најинтелегентните, најубавите… Стручно кажано среќата е емоционална состојба во која човекот се чувствува убаво и исполнето, за разлика од задоволството кое има покусо траење. И среќата и задоволството имаат минлив карактер, но за разлика од задоволството среќата е повредно, подлабоко чувство.
Објавено на 01.01.2023 - 17:15

Научна фантастика
На 1 јануари во 1818 година, дваесет и едногодишната Мери Волстонкрафт Шели го објави „Франкенштајн или Модерниот Прометеј”. Да, 1818 година, додека кралот Џорџ III сè уште носел напудрени перики во Англија; додека Џон Адамс, Томас Џеферсон и Пол Ревер биле живи во сè уште новите САД, а технолошкиот развој како што се телефоните, машините за пишување и светилката биле со децении далеку, Шели ја започнала ерата на научната фантастика.
Објавено на 01.01.2023 - 12:30

Медицина
Добри вести. Иако консумирањето на премногу алкохол секако и штети на краткорочната меморија, едно ново истражување вели дека ароматичниот хмељ во вашето омилено пиво може да ги спречи некои од негативните ефекти на Алцхајмеровата болест.
Објавено на 30.12.2022 - 14:00

Информатика
Google најави две нови технологии за подобрување на приватноста (ПЕТ). Новите алатки се дел од иницијативата на Google, Protected Computing, дизајнирана да трансформира „ како, кога и каде се обработуваат податоците за технички да се обезбеди нивната приватност и безбедност “, велат од компанијата. Обете алатки ќе бидат достапни за секого бесплатно преку отворен код.
Објавено на 29.12.2022 - 14:00

Енергетика
Фотонапонските ќелии, кои ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија кај повеќето соларни панели се направени од силициум. Соларните ќелии кои содржат силициумски кристали бараат многу енергија и се развиваат преку скапи методи на производство во повеќе чекори. Ова е причината зошто сончевите панели во моментов се толку скапи.
Објавено на 28.12.2022 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на водените светови Кеплер-138c i Кеплер-138d
Канадските научници сметаат дека две егзопланети кои орбитираат околу црвено џуџе се т.н. водени светови, односно, главно дека во нивниот состав доминира течноста која е толку скапоцена за нашиот живот.
Објавено на 27.12.2022 - 17:00

Pages