Аеронаутика
Последниот Боинг 747 ја напушта фабриката
По повеќе од половина век производство, последниот авион од типот Боинг 747, џамбо џет, познат и како “Китот”, во декември ја напушти фабриката на Боинг лоцирана во државата Вашингтон, САД. Со ова се спушти завесата на производството на еден од најпрепознатливите авиони досега.
Објавено на 24.01.2023 - 15:30

Информатика
YouTube има сет од сопствени емотикони кои можат да се користат во сите коментари и разговори во живо. YouTube Emotes се лесни за користење бидејќи се појавуваат во прозорецот за емотикони, а можете и да ги повикате користејќи резервирани зборови.
Објавено на 24.01.2023 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Научниците напреднаа во начините на којшто можат да ги користат бранувањата во време-просторот, т.н. гравитациски бранови, за да ѕирнат на почетокот од сè што знаеме. Истражувачите велат дека би можеле подобро да ја разберат состојбата на космосот веднаш по Биг-бенгот со проучување на начинот на којшто овие бранови во ткаенината на универзумот минуваат низ планетите и гасот помеѓу галаксиите .
Објавено на 23.01.2023 - 12:00

Омнибус
Според едно опфатно испитување речиси 70% од истражувачите кои работат ширум Европа велат дека во изминатите три години биле дел од проекти во кои како автори се наведуваат и нивни колеги кои не придонеле доволно во работата. Истражувањето истовремено го покрена прашањето дали истражувачите во САД ја потценуваат распространетоста на „сомнителни истражувачки практики“ (СИП).
Објавено на 21.01.2023 - 17:30

Аеронаутика
Амазон врши нови тестови за достава на нарачките во Тексас и Калифорнија со помош на беспилотни летала. Сепак, се чини дека патот што треба да се изоди до целосно автоматизирана испорака на пакетите е сè уште долг.
Објавено на 20.01.2023 - 14:45

Аудио и видеотехника
Театарот како прв и најстар медиум денеска благодарение на технологијата сè уште е во фокусот на човечката културна посветеност. Технолошките достигнувања, особено во аудиовизуелните сфери, овозможија нов пристап кон визуелизација на човечката фантазија. Сценографијата ја прошири својата „димензија“ и видео проекцијата денеска е неизбежен сегмент од секое аудиовизуелно дело. Видеопродукцијата веќе не претставува само изработка на слика во две димензии, сценската проекција врз сценските елементи ја прикажува и нејзината трета димензија. Перцепцијата на гледачите не се фокусира само на актерската игра – сценската акција има нов рамноправен член, проекцијата. Оттука произлезе и потребата за едно своевидно “упатство за користење” на техниката со којашто видеопроекцијата се вклопува во сценската изведба, а “ Основи на сценската проекција ” од м-р Милчо Узунов е токму едно такво дело.
Објавено на 18.01.2023 - 16:45

Биологија
Едно истражување за мозокот на T. rex открива дека тие не биле толку глупави како што мислевме – нивната интелигенција била слична на онаа на модерните примати.
Објавено на 18.01.2023 - 11:45

Астрономија и астронаутика
2022 година беше рекордна година за вселенските истражувања. Со 180 успешни лансирања на ракети во орбитата, 44 повеќе од претходната 2021 година, минатата година забележа досега најголем број лансирања во вселената. Во лансирањето доминираа ракети од американската компанија SpaceX и од кинеската влада и бизнис сектор.
Објавено на 17.01.2023 - 14:15

Електротехника
По празниците кои поминаа, време е да засукаме ракави. Во периодот од 16 до 31 јануари оваа година претставникот на Макита за Македонија, ЛОТУЛС лансира промотивна кампања со намалени цени за алатите од MT серијата на MAKITA и MAKTEC.
Објавено на 16.01.2023 - 16:15

Автомобилска техника
Следната 2024 година треба да е значајна за автомобилските гуми. Имено, прочуениот Мишлен, кој веќе подолго време развива автомобилски гуми што не се пумпаат со компримиран воздух (airless tires), најави дека ќе ги лансира на пазарот долгонајавуваните гуми. Се надеваме дека ќе стојат на ветеното и дека конечно возачот ќе биде ослободен од една незгодна и силна ноќна мора, а тоа е дупнат пневматик, којшто е меѓу понезгодните дефекти на пат.
Објавено на 16.01.2023 - 12:30

Pages