Едно истражување откри можни кандидати за нови антибиотици во бактериите собрани од длабчините на Арктичкото Море. Резултатите од истражувањето, спроведено од група фински и норвешки научници, деновиве беше објавено во Frontiers in Microbiology.
Последниве децении откритието на нови антибиотици се одвива забавено, поради што пораснаа и ризиците за развој на отпорност кон ‘постарите’ антибиотици. Повеќето лиценцирани антибиотици, околу 70% од нив, се добиени од актинобактерии, вид бактерии што живеат во почвата.
„На пример, членовите на родот стрептомицес (streptomyces) произведуваат неколку секундарни метаболити, меѓу нив и клинички корисни антибиотици какви што се тетрациклините, аминогликоцидите и макролидите“, вели еден од авторите на трудот д-р Паиви Тамела, професор на Универзитетот во Хелсинки, Финска.
Поглед кон Арктичкото Море во близина на Свалбард од палубата на истражувачкиот брод Kronprins Haakon. Снимено во август 2020 година. фото: Teppo Rämä
Но, почвата не е единственото место каде овие бактерии може да се најдат.
„Морските актинобактерии што се наоѓаат во морето, на морското дно или во микробиомот на морските организми, добиваа мошне помало внимание како можни извори на антибиотици“, вели Тамела.
Норвешката група истражувачи во студијата, со седиште на Арктичкиот универзитет во Норвешка, земала примероци од безрбетници и собирала бактерии од морскиот живот завреме на истражувачкото крстарење по Арктичкиот океан во 2020 година.
Истражувачкиот брод Kronprins Haakon. Снимено во август 2020 година. фото:Yannik Schneider
„Тие се обидуваат да пристапат до различни уникатни локации на Арктикот, но целта е да се добие што е можно поголема биолошка разновидност“, вели Тамела. „Тие внимателно го подигаат го на палубата собраното, бидејќи знаеме дека понекогаш исти видови кои се собираат на различни локации, можат да дадат потекло на различни бактерии и хемиски состојки“.
Во лабораторија, тимот ги култивирал бактериите и ги одвоил нивните клетки на фракции. Потоа, во примероците тие истовремено користеле низа техники за тестирање на непознати соединенија во потрага по антибактериска активност. Истражувачите ги тестирале нивните примероци против специфичен вид на ентеропатогенот ешерихија коли (E. coli), која предизвикува тежок пролив кај малите деца. Во процесот биле откриени две соединенија со моќна антибактериска активност.
Палубата на истражувачкиот брод Kronprins Haakon. Снимено во август 2020 година. фото:Yannik Schneider
Обете супстанции може да ја спречат E. coli да ги напаѓа клетките на домаќинот, со инхибирање на активноста на одредени протеини во бактериските клетки. Едно од соединенијата го правело тоа и без инхибирање на растот на E. coli. Ова е особено. Имено, супстанцијата би можела да се употреби како антибиотик што не би ги поттикнувал бактериите да развиваат отпорност.
Иако истражувачите од ниту едно соединение не култивирале доволна количина која би овозможила да се идентификуваат нивните молекуларни структури, тие сметаат дека едно од соединенијата наречено фосфолипид може да има ветувачки резултати.
„Наодите опишани во трудот се мошне рани и ќе бидат потребни многу дополнителни истражувања за да се процени нивниот вистински потенцијал за тие да станат клинички корисни“, вели Тамела. „Во овој момент, невозможно е да се шпекулира дали овие соединенија некогаш ќе бидат употребливи за третмани“.