По повеќе од една година рекордно високи глобални температури на морињата, екваторијалниот Атлантик се лади побрзо од кога било. Во текот на изминатите три месецa, промената од топли кон ниски температури во екваторијалниот Атлантски Океан се случи со рекордна брзина. Оваа нова шема на „Атлантска Ла Ниња“ доаѓа непосредно пред очекуваната транзиција кон поладната Ла Ниња во Тихиот океан, а овие настани што се случуваат еден по друг би можеле да имаат огромно влијание на времето ширум светот.
Атлантскиот океан се лади со експоненцијална брзина, а никој не е сигурен зошто. По повеќе од една година со рекордно високи глобални температури на морињата, како и доближувањето кон состојба блиска до колапс на системот од океански струи (AMOC). Сепак, и покрај тие проблеми, во Атлантикот во моментов се случува нешто мошне збунувачко: пад на температурите. Научниците се обидуваат да откријат што точно се случува.
Температурата на океанот вообичаено се менува температурата во текот на годината. Но, оваа година, климатскиот ефект на „Атлантска Ниња“ се случил многу побрзо отколку во минатото. Новиот модел, се чини дека доаѓа пред очекуваната транзиција кон многу поладна Ла Ниња во Тихиот Океан. Постудените температури на океанот се мошне добредојдени, но тие би можеле да имаат различни ефекти на времето во целиот свет.
Промената во стапката на ладење на Атлантскиот Океан значи крај на 15-месечната серија од рекордно високи температури на океаните. Со постепеното губење на Ел Нињо во мај и почетокот и развојот на Ла Ниња во периодот помеѓу септември и ноември, постудените води ќе бидат поттикнати од посилните ветрови што ќе доаѓаат од екваторот.
Потенцијалното истовремено делување на две временски шеми од типот Ла Ниња ги заинтригира научниците во поглед на тоа како климата и температурите на океаните ќе изгледаат до крајот на годината, особено по мошне долгиот период со рекордно високи температури. Во тој поглед научниците се и мошне тешко ќе биде да се предвидат метео-шемите за делувањето на овој феномен. И иако Ла Ниња во Атлантикот не е сосема неочекувана, се чини дека научниците не ја очекуваа оваа година.
Со забрзаното ладење на Атлантскиот Океан и ладењето на Тихиот Океан што се очекува да започне во следните неколку месеци, сосема извесно е дека нѐ очекува “интересна метео година”.
Извор BGR
Повеќе за Ел Нињо и Ла Ниња во Што се Ел Нињо и Ла Ниња и како тие го менуваат времето?