Океанските струи што помагаат во загревањето на Атлантскиот брег на Европа и Северна Америка, значително ја губат својата силина од почетокот на 19. век и се на најниско ниво во последните 1600 години, според последните истражувања на палеоокеанографите. Трудот објавен во списанието Nature, спроведен под раководство на Питер Спунер (Peter T. Spooner) од катедрата за Палеоокеанографија на УЦЛ, нагласува дека иако е можно слабеењето на океанскиот струен систем да започнало по природен пат, климатските промени врзани со емисијата на стакленичките гасови потпомогнале овој процес да продолжи.
Големите океански струења имаат клучна улога во климатскиот систем и секое нарушување, особено нивното слабеење или престанок би имало глобални последици. Нивото на Атлантскиот океан на источниот американски брег би се зголемило, временските шеми во Европа би претрпеле значителни промени, промената би се осетила во глобалните системи на врнежи, а да не збориме и за огромните последици врз живиот свет во океаните.
Неодамнешното слабеење на океанските струи е последица од загревањето на северниот Атлантик и приливот на свежа вода од зголеменото количесто на врнежи и топењето на арктичкиот мраз. Сценариото не е ново, но колкав е обемот на слабеењето на струите до сега не беше точно утврдено. Новите истражувања откриваат дека има големи нарушувања што укажуваат на значајни промени во блиска иднина.
Струјниот систем на атлантскиот океан претставува своевиден џиновски проточен појас од вода. Струите носат топла, солена вода кон северниот Атлантик каде се ладат и пропаѓаат во длабочините. Во длабочините на океаниот сега ладната струја тече назад кој југот откаде се шири насекаде по светските океани. Овој тековен воден појас е еден од најзначајните транспортери на топлина во климатскиот систем и ја вклучува и Голфската струја којашто ја загрева западна Европа.
Климатските модели постојано предвидуваа забавување на струјните текови под влијание на затоплувањето предизвикано од стакленичките гасови и промените поврзани со водните кружења.
Уште еден труд објавен во истиот број на Nature, спроведен од страна на научниуци при универзитетот во Потсдам во Германија, ги употребува историските записи за температурата во нивните истражувања. Тие откриле слабеење на атланските океански струи за околу 15 проценти од 1950 година па наваму! Главен потпомагач на овие промени се стакленичките гасови создадени од човекот.
Истражувачкиот тим од претходниот труд податоците ги формирал со проучување на хемискиот состав од остатоците на ситните морски суштества коишто се наоѓаат во калта на океанското дно. Температурите биле пресметани со споредба на количината на различни видови и хемискиот состав на нивните скелети. Истовремено тие ги гледале и отпечатоците на самата кал, споредувајчи ги зрната во наслагите - поголемите зрна значече побрзи водени струења додека помалите укажуваат на послаби. Двете техники довеле до ист заклучок - забавување на океанските струи од 15 до 20 проценти измерено почнувајќи од 1850 година па навака. И најважно, современото забавување на струите е различно од она што се забележува во претгодните 1600 години, што укажува дека не се работи само за природен фактор, туку дека голем дел од вината паќа и на човечкиот фактор.
И покрај разликата во временскиот период, двата труда покраваат важни прашања во врска со изработката на климатските модели, за поточно предвидувања на можните екстремни промени во океанските струења и нивното директо влијание на климата.