Медицина
Некои луѓе успеваат да ја избегнат деменцијата и покрај тоа што носат гени кои значително го зголемуваат ризикот од нејзина појава. Научниците сега ги истражуваат нивните геноми за да ги откријат природните механизми кои би можеле да отворат нови патишта за лекување на оваа состојба.
Објавено на 12.11.2026 - 15:15

Колумна
Од 9 до 20 ноември 2026 година, во Анталија се одржува најмасовниот светски самит за климатски промени досега, со над 92 000 учесници. Сепак, улогата на Турција и Австралија како водечки земји во организацијата, во комбинација со глобалните конфликти и енергетската криза, отвора сериозен сомнеж за реалните резултати од конференцијата.
Објавено на 12.11.2026 - 13:15

Роботика
Инспирирани од неверојатната подвижност на слоновата сурла, научници од Државниот универзитет во Колорадо развија нов вид флексибилни роботи кои можат да ја менуваат својата форма, да фаќаат и пренесуваат предмети, па дури и да се поврзуваат меѓусебно за да извршуваат посложени задачи.
Објавено на 11.11.2026 - 15:00

Физика
Сосема обични автоматски проверки на батерии во резервните системи за напојување создаваат синхронизирани промени во потрошувачката на електрична енергија, кои се регистрираат дури и на ниво на континентални електроенергетски мрежи.
Објавено на 11.11.2026 - 14:00

Научна фантастика
М. Џон Харисон на церемонијата за наградата Букер 2026
Осумдесет и едногодишниот британски писател М. Џон Харисон влезе во историјата како првиот автор од светот на научната фантастика кој ја доби престижната награда Букер. Признанието му го донесе постапокалиптичниот роман „The End of Everything“, а со него стана и најстариот добитник во историјата на ова книжевно признание.
Објавено на 10.11.2026 - 18:30

Информатика
Повеќе формати на магнетни ленти
Технологијата што некогаш ни овозможуваше да снимаме телевизиски емисии и да гледаме филмови на VHS-видеокасети доживува неочекувана ренесанса. Но, овојпат магнетните ленти не се враќаат во дневните соби, туку во податочните центри, каде стануваат сè поважни за складирање на огромните количества информации што ги генерира вештачката интелигенција.
Објавено на 10.11.2026 - 17:00

Историја и археологија
Две нови генетски истражувања, објавени во списанието Nature, фрлаат нова светлина врз потеклото и ширењето на германските и келтските јазици во Европа. Анализирајќи илјадници геноми на луѓе што живееле пред повеќе илјади години, научниците идентификувале миграциски движења што можеби биле клучни за ширењето на овие јазични групи, но и за нивната денешна географска распространетост.
Објавено на 10.11.2026 - 16:15

Омнибус
Со амбиција во период од 160 недели да објави најмалку 160 книги, проектот на КЛИК е-издаваштво веќе бележи конкретни резултати. Паралелно, преку е-Библиотека Паноптикум се отвораат нови можности за дигитална достапност на македонската литература, вклучително и делата на авторите од иселеништвото.
Објавено на 10.11.2026 - 13:30

Телекомуникации
Од печат излезе книгата „Small Station – Big Operator: Low-Profile Amateur Radio“ („Мала радиостаница – голем оператор: нископрофилно радиоаматерство“) од Владимир Ковачески, Z35M, македонски радиоаматер, долгогодишен соработник на ЕМИТЕР и автор на повеќе книги од областа на радиоаматерството.
Објавено на 09.11.2026 - 19:15

Психологија
Сознанието дека едно книжевно дело можеби е создадено со помош на вештачка интелигенција може да го промени начинот на којшто читателот го доживува, дури и кога самиот текст не е променет. Истражувањата покажуваат дека луѓето исто дело различно го оценуваат во зависност од тоа дали веруваат дека го напишал човек или машина. Таа разлика отвора прашање колку во вреднувањето на книжевноста значи самиот текст, а колку уверувањето дека зад него стои човечки ум.
Објавено на 09.11.2026 - 17:15

Pages