Екологија
Еден медицински тим – широка соработка на повеќе универзитети во Кина, во нивниот труд што ќе биде објавен во Science of the Total Environment, известува дека откриле различни видови на микропластика во секој од примероците на семена течност собрана од вкупно 40 мажи избрани од општата популација.
Објавено на 12.06.2024 - 13:00

Медицина
Во првото клиничко испитување за примена на генска терапија за двете уши кај едно лице се постигнати неверојатни резултати. На 5 деца родени со форма на вродена глувост им бил вратен слухот. Две од децата дури се стекнаа можност да уживаат во музика.
Објавено на 11.06.2024 - 18:30

Биологија
Според една нова студија, објавена деновиве во Nature Ecology & Evolution, дивите африкански слонови од саваните, поточно видот Loxodonta africana, сосема извесно разговараат меѓу себе обраќајќи си се едни кон други исто како што тоа го прават луѓето – користејќи лични „имиња“.
Објавено на 11.06.2024 - 15:30

Информатика
Асоцијацијата на Македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје, организира настан на тема Game Design. Се работи за втор настан во низата организирана во склоп на MGI Meetups Presents бесплатни настани посветени на сегменти од развивањето на видео игри.
Објавено на 10.06.2024 - 17:45

Информатика
Можеби сè уште не сме сфатиле, но интернетот можеби е мртов. Според една нова теорија, интернетот и социјалните мрежи повеќе не постојат – тие се заменети со содржина генерирана од вештачка интелигенција и лажни кориснички сметки на социјалните мрежи, кои манипулираат со јавното мислење. Вака работите ги објаснуваат група австралиски компјутерски инженери од Универзитетите во Сиднеј и Мелбурн, постулатори на теоријата позната како Теорија на мртов интернет (англ. Dead Internet Theory).
Објавено на 10.06.2024 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Вселенското летало Старлајнер (Starliner) на Боинг, кое во моментов е закачено за Меѓународната вселенска станица, пред докингот забележа две истекувања од хелиум. И покрај ова, засега се смета дека ситуацијата е стабилна и не загрижува.
Објавено на 07.06.2024 - 14:00

Астрономија и астронаутика
Тестот на вселенското летало Ѕвезден брод (Starship) на Спејс Екс (SpaceX) беше успешен – фазата на контролирано повторно влегување во атмосферата за бустерот помина совршено, а и остатокот од мисијата беше подеднакво задоволителен. Овој четврти пробен лет на системот, спроведен вчера, претставува огромен скок за компанијата на Маск
Објавено на 07.06.2024 - 13:30

Информатика
Belgrade Blockchain Week, втора година по ред, ги собира некои од најпознатите имиња во блокчејн индустријата. До 9 јуни во рамките на оваа конференција ќе се одржат неколку десетици настани посветени на едукација, вмрежување и размена на искуства за најновите трендови и предизвици во Web3 индустријата.
Објавено на 06.06.2024 - 13:00

Информатика
Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24-тиот меѓународен натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу дванаесетте финалисти, врвни таленти кои влегоа во годинешното натпреварувачко финале.
Објавено на 06.06.2024 - 13:00

Медицина
Истражувачи планираат да повлечат историски значаен труд за Алцхајмеровата болест поради дотерување на податоците презентирани во него. Еден од авторите го призна постоењето на манипулирани податоци во студијата што за првпат поврза една специфична форма од амилоид протеинот со оштетување на меморијата
Објавено на 06.06.2024 - 12:30

Pages