Рубрика: Психологија
Зошто поинаку го доживуваме текстот кога ќе дознаеме дека го напишала ВИ?
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 09.11.2026 - 17:15

Сознанието дека едно книжевно дело можеби е создадено со помош на вештачка интелигенција може да го промени начинот на којшто читателот го доживува, дури и кога самиот текст не е променет. Истражувањата покажуваат дека луѓето исто дело различно го оценуваат во зависност од тоа дали веруваат дека го напишал човек или машина. Таа разлика отвора прашање колку во вреднувањето на книжевноста значи самиот текст, а колку уверувањето дека зад него стои човечки ум.

Првиот роман на Телисон Орелиен “Беше тоа или смрт” (C’était ça ou mourir) е еден од книжевните феномени што ја одбележа оваа есен, 2026 година. Романот се стекна со неколку признанија, освојувајќи ја и наградата за роман на годината на Фнак (Fnac), чијшто избор го прават 400 библиотекари и 400 читатели. Романот се најде и во првата селекција за неколку од престижните книжевни награди за романи од француското говорно подрачје – наградите Гонкур, Ренодо, Фемина и Медисис.

Романот беше опишуван како „длабоко човечки“, со „визуелен и човечки“ стил, се фалеше меѓу другото и „убавината на поетскиот јазик“, а се зборуваше и за „читачки шок“. Но, истот ден кога романот ја освои наградата Фнак, на социјалните мрежи се појавија сомнежи дека за пишување на книгата била користена генеративна вештачка интелигенција, што мошне бргу го промени начинот на којшто книгата беше прифатена.


Дали книгата на Телисон Орелиен е генерирана од ВИ?
Слика: Википедија / Grasset

Во колумна во Ле Монд, писателот Тома Б. Реверди многу непосредно ја изрази непријатната ситуација. “Ако дознаам дека машина била тоа што ме трогнало, таа емоција веќе не ме интересира”, вели тој, појаснувајќи дека во ваков случај тој се чувстува како тоа/нештото „не ми се обраќа мене“.

Оваа формулација е мошне живописна. Емоцијата навистина постоела, но подоцна дополнително се менува врз основа на она што читателот верува дека го знае за потеклото на текстот што го прочитал, со што ретроактивно се преформулира значењето што тој го придава на своето сопствено читателско искуство.

Можеби се приближува и моментот кога простото читање текст повеќе нема да биде доволно за да се разликува делото целосно го создено од човек од дело создадено во голема мера со помош на вештачка интелигенција. 

Експериментот што го спровела Маја Станко-Качмарек, психолог од Универзитетот Адам Мицкјевич во Познањ, Полска, дава многу едноставен експериментален приказ на оваа појава. 

Истражувањето, објавено во 2024 година во The Journal of Creative Behavior, опфатило 123 учесници на кои им била прикажана иста песна што ја напишал човек. Она што се менувало потоа била само информацијата за нејзиното потекло. 

На учесниците им било кажано дека песната ја напишал човек или дека ја создала вештачка интелигенција или дека потеклото не е наведено. Кога песната ѝ била припишана на  вештачка интелигенција таа била  оценета како помалку оригинална, естетски помалку успешна и емоционално помалку привлечна. 


Слика: ЕМИТЕР / ВИ

Во едно друго истражување, спроведено од Брајан Портер и Едуар Машери од Универзитетот во Питсбург, резултатите виле подеднакво изненадувачки – читателите мошне лесно биле излажани за авторството. Имено, кога во експериментот од нив било побарано да направат разлика помеѓу песна генерирана од ChatGPT-3.5 и напишана од признат поет, читателите мошне почесто сметале дека песните генерирани со ВИ биле напишани од луѓе. Тие дури биле полоши во погодувањето отколку што тоа статистички би се очекувало и при нагаѓање со случаен избор.

На крај, истражувањето објавено од тим предводен од Даника Дилион од одделот за психологија и невронаука при Универзитетот на Северна Каролина помага подобро да се разбере оваa појава.

Во една од шестте студии, повеќе од 1000 учесници прочитале ист извадок од проза којшто, во зависност од случајот, бил претставуван како текст напишан од човек, од вештачка интелигенција или како резултат на авторство потпомогнато со ВИ. Истражувачите покажале дека делото се чини многу поавтентично ако изгледа дека открива нечии мисли, односно овозможува увид во животното искуство, емоциите и намерите на својот творец. Таквото доживување се менува дури и кога текстот е претставен како дело што воглавно го напишал човек, со ограничен придонес од вештачка интелигенција.

Случајот со Телиcон Орелијен нè тера да ја одвоиме вредноста на текстот од она што читателот го претпоставува за неговото потекло. Романот не ги губи своите книжевни квалитети само затоа што се појавиле сомнежи во начинот на кој е напишан. Тие не можат целосно да зависат од она што читателот верува дека го зна за авторот. Сепак, иако употребата на вештачка интелигенција сама по себе не е доволна за да се доведе во прашање вредноста на текстот, сознанието дека е применета нè принудува одново да ја го премериме значењето на тоа што значи да си автор.

Клучни зборови:

Слика: ЕМИТЕР / ВИ

Телисон Орелиен

Телисон Орелиен Слика: Википедија

Дали книгата на Телисон Орелиен е генерирана од ВИ?

Дали книгата на Телисон Орелиен е генерирана од ВИ?
Слика: Grasset / принтскрин

Слика: ЕМИТЕР / ВИ