Рубрика: Омнибус
Уписи на Природно-математичкиот факултет во Скопје
Објавено на 27.08.2024 - 16:30

Природно-математичкиот факултет на 29 и 30 август ги очекува пријавите од идните студенти – бруцоши, за новата учебна 2024/2025 година. Оваа година на Институтите на ПМФ за првиот циклус на студии ќе можат да се запишат вкупно 1030 студенти од Македонија и 32 студенти од странство.

Преку континуираното осовременување на студиските програми на додипломските и постдипломските студии, Природно-математичкиот факултет ги учи и оспособува своите студенти за правилно расудување, концептуално разбирање и стекнување знаења и вештини коишто ќе им бидат потребни во нивниот личен и професионален живот. Како што велат тие: "Нашата цел е да промовираме и одржуваме средина која поттикнува креативност, критичко мислење, истражување и активно учењe"

Распоредот на слободни места за редовни студенти може да го погледнете на следнава табела

 

Согласно со објавениот конкурс, пријавите се вршат преку електронскиот систем iKnow на УКИМ, а сите потребни документи се доставуваат лично во просториите на ПМФ.

Повеќе за уписите на ПМФ можете да прочитате тука

Клучни зборови: