Рубрика: Медицина
Макролонските антибиотици нова надеж во борбата против резистентните супербактерии
Објавено на 20.08.2024 - 17:15

Новата класа антибиотици, макролоните, влијае врз бактериите на два различни начина, при што нивната отпорност на антибиотици станува практично невозможна.

Новото оружје во борбата против резистентните антибиотици, кои се еден од главните предизвици за глобалното здравје, би можело да дојде од класата на синтетички антибиотици кои се борат со бактериите на два фронта во исто време. Според новата студија објавена во Nature Chemical Biology, синтетичките макролонски антибиотици ја уништуваат бактериската функционалност, што ја прави способноста на микроорганизмите да развијат отпорност 100 милиони пати поневеројатна.

3Д илустрација на бактерија во распаѓање 

Научниците од Универзитетот на Илиноис во Чикаго експериментално покажаа дека макролонските антибиотици им го отежнуваат животот на бактериите на два начина: со тоа што ги спречуваат да произведуваат протеини и со расипување на структурата на нивната ДНК. Бидејќи двете дејства се случуваат истовремено во иста концентрација, бактериите ја губат својата способност за стекнување на случајни мутации на еден од овие два начина. Така, еволутицијата до способност за отпорност на антибиотици станува речиси невозможна за бактериите.

Макролоните се синтетички антибиотици кои во едно соединение ги комбинираат антибактериските својства на две други вообичаени класи на антибиотици, наречени макролиди. Прва е еритромицинот, кој најчесто се препишува против инфекции на респираторниот и урогениталниот тракт. Работи со блокирање на рибозомите, органелите што им се потребни на бактериите за ефикасно производство на протеини. Втората класа на антибиотици е онаа на флорохинолоните како што е ципрофлоксацинот, кој се користи самостојно за борба против инфекции на уринарниот, респираторниот и гастроинтестиналниот тракт. Тука е насочена кон бактерискиот ензим наречен ДНК гираза, кој игра мошне важна улога во репликацијата на ДНК. На тој начин ја спречува ДНК на бактеријата да ја достигне правилната структура.

Тимот синтетизираше неколку макролони и го избра оној што, со најниска доза, може да ги извршува обете задачи истовремено. На овој начин за бактериите е практично невозможно да ја организираат сопствената генетска одбрана. Понатамошниот развој на овие соединенија би можел да претставува едно од најдобрите решенија испитани досега во борбата против бактерискта отпорноста на антибиотици.

Клучни зборови:
3Д илустрација на бактерија во распаѓање

3Д илустрација на бактерија во распаѓање