Рубрика: Омнибус
Зошто на аеродром бараат да го извадите лаптопот при проверка на рачниот багаж?
Објавено на 22.08.2024 - 12:30

При проверка на рачниот багаж на аеродром, ако имаме лаптоп во куферот или ранецот, најчесто од нас се бара да го извадиме и да го ставиме во послужавник. Зошто е ова потребно?

Преносливите компјутери – лаптопи генерално не е препорачливо да ги пакувате во куферот. Освен што тешко се предвидува “нежноста” на аеродромските работници ако куферот го праќате “да патува одделно” во багажниот дел, доколку го носите со себе во кабината во помал куфер повторно може да ви го искомплицираат безбедносниот преглед, ако се спакувани во вашиот куфер или ранец.

Имено, ако лаптопот е спакуван во куфер, при безбедносните проверки тој може да го скрие она што се наоѓа под него. Машините кои ја испитуваат содржината на багажот работат благодарение на рендген генератор, кој „гледа“ подалеку од обвивката на куферите, и детектор, кој го анализира зрачењето што се емитува на излезот и кое потоа се толкува.

Батериите и другите внатрешни компоненти на персоналните компјутери се делови со висока густина во кои не може да навлезе зрачењето што го испуштаат овие „скенери“, особено ако се малку застарени.

Па така, ако куферот се анализира одозгора, поставениот лаптоп компјутер би ја маскирал основната содржина (сокривање од поглед на сите опасни предмети што се наоѓале веднаш под компјутерот). На некои аеродроми, опремени со скенери од најновата генерација кои можат да добијат слики од различни агли и да гледаат поединечни објекти во 3D, овој проблем не постои и веќе не се бара лаптопите одделно да ја поминат безбедносната контрола.

Клучни зборови: