Рубрика: Научна фантастика
„Поларис – последниот град“ доби македонско издание
Објавено на 24.08.2024 - 15:15

Корицата на изданието на македонски јазик, авторско дело на Димитриј Михајловски

Првенецот на Снежана Каначки од Србија, научно-фантастичниот роман „Поларис – последниот град“, деновиве го доби првото македонско издание. Жанровски романот може да го сместиме како младинска дистописка фантастика, жанр кој се стекна со популарност на почетокот на овој век, особено со успехот на книжевните серијали “Игри на гладта” (2008) од Сузан Колинс и “Дивергентни” (2011) од Вероника Рот, кои имаа и мошне успешни филмски адаптации.

Со својот свеж и оригинален пристап кон познатите научно-фантастични теми, жанрот стана мошне влијателен помеѓу младите и нови автори како што е Снежана Каначки, која со својот роман “Поларис – последниот град” даде особено квалитетен придонес во овој современ книжевен израз, чијашто целна публика се наоѓа меѓу младите, што не е ни чудно со оглед на тоа што и протагонистите во овие делата се приближно на иста возраст, во период на растење и себеспознавање.

Три изданија на романот 'Поларис – последниот град': српско, словенечко и македонско издание

Дејствието на романот “Поларис – последниот град” е врзано околу отстранување на опасноста за опстанокот на остатокот од човечкиот вид кој се наоѓа во последниот град Поларис. Сакајќи да ја зароби целата планета, човекот, поради  алчност, омраза и со себезалажување успева да се зароби самиот себеси. Историјата многупати ја има потврдено ниската свесност на човештвото дека само тој што не може да се контролира себеси упорно настојува да валдее и да ги контролира другите. Таквиот начин на живеење се сведува на заклучокот дека најсиромашен е тој кој што има бројни и неконтролирани потреби и следствено на тоа го измачува соодветната карма на робувањето во материјалниот пекол и духовниот примитивизам. Поради глобалната војна  човечката цивилизација е редуцирана и сместена во еден град на Јужниот пол, каде што поради самозалажувањето се руши вештачкиот рај на чипираните жители. Но, сепак младите успешно го решават проблемот кој го добиле во наследство од старите. Главниот лик Лео е месија на човештвото, а пораката на романот е длабока – ако  возрасните упеале на младите да им остават само проблеми поради нивното несовесно однесување, тогаш барем да прекинат да глумат дека се паметни и да ги остават младите  да го сапасат од нив тоа што можат за својата нова иднина без алчност, омраза и себезалажување.

Авторката на романот 'Поларис – последниот град', Снежана Каначки (десно на фотографијата) на промоција на збирката хорор раскази 'Бесоница'

Романот за првпат е издаден во 2018 година од страна на српската издавачка куќа „Нова поетика“, а две години подоцна е објавен и негов превод на словенечки јазик од страна на словенечката издавачка куќа „Про Анди“.

Преводот, лектурата и уредувањето на македонското издание на романот е на Љубомир Михајловски, оригиналниот дизајн на корицата на изданието е од авторот Димитриј Михајловски, издавач е „Визија – центар за научна фантастика на Македонија“, а печатот е на печатница „Ива“.

Клучни зборови:
Корицата на изданието на македонски јазик, авторско дело на Димитриј Михајловски

Корицата на изданието на македонски јазик, авторско дело на Димитриј Михајловски 

Три изданија на романот 'Поларис – последниот град': српско, словенечко и македонско издание

Три изданија на романот 'Поларис – последниот град': српско, словенечко и македонско издание

Авторката на романот 'Поларис – последниот град', Снежана Каначки (десно на фотографијата)

Авторката на романот 'Поларис – последниот град', Снежана Каначки (десно на фотографијата) на промоција на збирката хорор раскази 'Бесоница'