Рубрика: Астрономија и астронаутика
Марс има океан под тлото?
Објавено на 23.08.2024 - 17:45

Според новото истражување објавено во Proceedings of the National Academy of Sciences, Марс има доволно вода за да ја покрие целата планета со океан подлабок од еден километар. Но, за пристап до таа вода ќе треба да се дупчат бунари длабоки речиси 10 километри. На Земјата, копањето бунари со длабочина поголема од 500 метри е предизвик.

Водата за првпат беше откриена на Марс во 2020 година – замрзната во поларните ледени капи. Но, научниците забележале и знаци дека некогаш многу поголеми количини вода течеле на површината низ канали кои личат на речни корита. Пронаоѓањето на вистинска течна вода под површината на планетата се покажа неостварливо, сѐ дури еден истражувачки тим не се свртеа кон податоците од лендерот InSight на НАСА. Лендерот беше лансиран во 2018 година и користеше сеизмички слики за да ги испита обвивката, кората и јадрото на планетата.

Лендерот ИнСајт во акција

Мисијата многу ги надмина моите очекувања“, вели Мајкл Манга, геофизичар од Универзитетот Беркли во Калифорнија и еден од авторите на трудот.

Не само што мисијата откри вода, туку покажа и дека планетата е тектонски активна, има “марсотреси” и јадро кое станало демагнетизирано. Некако иронично е што истражувачите дојдоа до овие зачудувачки заклучоци користејќи релативно “пешачки” методи. Лендерот испрати сеизмички бранови низ планетата до многу точки.

Нафтените компании откриваат каде да дупчат и извлекуваат нафта и гас со користење на истите техники што ние ги користиме со употреба на сеизмички бранови и нешто кое ние го нарекуваме модели на физика на карпи за да ги интерпретираат тие податоци“, вели Манга.

Пресек од внатрешноста на Марс под лендерот ИнСајт на НАСА. Првите околу 5 километри од кората се чини дека се суви, но новата студија дава докази за зона на испукана карпа 6-12 милји под површината која е полна со течна вода - повеќе од волуменот што се предлага дека ги исполнил хипотезираните древни марсовски океани.

Со оглед на тоа што методологијата е мошне вообичаена, Манга е сигурен во нивната водена интерпретација на податоците за моделирање. Сепак, тој предупредува дека подземните води на планетата не се сместени во некаков карпест еквивалент на џиновски подземни резервоари, туку таа тече низ пукнатините и засеците што ја сочинуваат густата кора на планетата.

Интересот на истражувачкиот тим за барање вода на Црвената планета ѝ претходеше на мисијата InSight.

Како научна заедница отсекогаш сме биле фасцинирана од водата на Марс“, вели Манга. „Површината на Марс е многу студена, така што секоја вода на површината би била денес замрзната. Но, како што одите подлабоко под површината, станува сѐ потопло. И исто како што имаме подземни води на Земјата, треба да има подземни води и на Марс“.

Тимот на Манга би сакал и подобро да разбере каде течела површинската вода на планетата пред да испари пред околу 3 милијарди години. Научниците виделе знаци на речни канали, но Манга би сакал да најде поубедливи докази за присуство на океани, можеби со пронаоѓање знаци за постоење на древни плажи или различни видови на седименти.

Но, засега, тој не очекува дека било кој потенцијален колонизатор на Марс во скоро време би ископал бунар за да пристапи до водата на планетата.

Се сомневам дека дури и г-дин Маск би бушел“, вели Манга „Тоа би била една [навистина] длабока дупка“.

Клучни зборови:
Пресек од внатрешноста на Марс под лендерот ИнСајт на НАСА

Пресек од внатрешноста на Марс под лендерот ИнСајт на НАСА. Првите околу 5 километри од кората се чини дека се суви, но новата студија дава докази за зона на испукана карпа 6-12 милји под површината која е полна со течна вода - повеќе од волуменот што се предлага дека ги исполнил хипотезираните древни марсовски океани.

Лендерот ИнСајт во акција

Лендерот ИнСајт во акција