Информатика
Потегот на Хуавеи доаѓа откако минатата недела ја претстави својата нова платформа HarmonyOS. Како што и претходно пишувавме ( тука ), Хармони е наменет да биде план Б, во случај да не е во можност да се користи Android заради забраната за трговија од страна на САД.
Објавено на 22.08.2019 - 14:45

Омнибус
Создаден е навистина паметен шкаф во којшто штом ќе ја закачите вашата кошула, таа автоматски ќе ви биде испеглана. Ви звучи како далечен сон? Со “мала” инвестиција, овој сон може да стане стварност.
Објавено на 21.08.2019 - 12:30

Фототехника
Изминатиот викенд, Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со Центарот за култура Битола, по седми пат го реализираше фотоконкурсот и изложбата “Со љубов од Битола”.
Објавено на 20.08.2019 - 13:30

Телекомуникации
Со само неколку дена задоцнување, по светската премиера во Њујорк, Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ ја доживеа и македонската промоција. Во амбиентот на Хилтон ДаблТри хотелот во Скопје, претставниците од Самсунг ја претставија оваа нова серија на паметни телефони пред домашната јавност. А новата серија на Самунг телефони има што да каже...
Објавено на 19.08.2019 - 14:00

Астрономија и астронаутика
Сите овие поими се поврзани или ги објаснуваат атмосферските појави познати како метеори. Да почнеме со ред...
Објавено на 16.08.2019 - 16:15

Астрономија и астронаутика
Овој пар чудни, луминисцентни суштества фатени во игра на сликата подолу, всушност, претставува две галаксии, во чијшто состав влегуваат милиони и милиони ѕвезди.
Објавено на 15.08.2019 - 11:45

Информатика
Потенцијалната замена за Android пристигнува? По една година развој и неколку месеци гласини, на годишната конференција за девелопери во Кина која се одржа минатата недела Huawei и официјално го престави сопствениот оперативен систем, под името Harmony OS.
Објавено на 13.08.2019 - 18:45

Екологија
Од 1-ви Јануари 2020 година, Белград ќе ја забрани употребата на пластични ќеси. Како што најави градоначалникот Горан Весиќ, одлуката се очекува да биде донесена на следната седница на собранието на Град Белград, што ќе се оддржи кон крајот на овој месец.
Објавено на 12.08.2019 - 14:00

Биологија
Најраширениот инсект во светот, а најверојатно и најомразениот е бубашвабата. Овие инсекти настанале пред околу 300 милиони години и денес се познати околу 3.500 вида. На пример, во САД се познати 55 вида. Верни сопатници на човекот низ вековите, му ја користат и загадуваат храната, го вознемируваат преку ноќ, со омраза ги гледа како претрчуваат брзо преку собите кога ќе ја запали светилката. Се јавуваат во голем број преку лето, излегуваат од каналите, отворите за вентилација, се шетаат меѓу убаво измиените садови, се кријат во корпите за леб. Со доаѓање на зимата ги снемува и токму кога ќе помислите дека сме ги уништиле, тие се појавуваат повторно и сè започнува од почеток.
Објавено на 09.08.2019 - 12:30

Информатика
Ученичката Ана Марија Атанасовска од средното училиште “Раде Јовчевски Корчагин“ го освои второто место на светскиот натпревар Microsoft Office Specialist што оваа година се одржа од 28 – 31 јули во Њујорк, САД. Со ова Македонија го направи најголемиот успех досега на овој престижен светски шампионат. Microsoft Office World Championship е најголемиот IT натпревар во светот и вклучува повеќе од 850000 учесници од цел свет. Притоа учесниците се натпреваруваат во повеќе категории, поделени според апликациите на Microsoft Office– PowerPoint, Excel и Word.
Објавено на 08.08.2019 - 11:45

Pages