Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 16.3.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 16.03.2021 - 15:00

Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Георг Ом, германскиот физичар кој математички ги опиша законите на струјното коло, Владимир Комаров, советскиот космонаут, пробен пилот и инженер, Ричард Столман, основачот на движењето за слободен софтвер, Хајнрих Кајзер, германски физичар, и на Александар Степанович Попов, рускиот физичар кој прв употребил антена за емитување и прием на радиобранови. Денес го одбележуваме и првото лансирање на ракета со течно гориво, како и интернетското поврзување на САД и Европа...

 

16.3.1789 – Роден е Георг Симон Ом

Георг Симон Ом (Georg Simon Ohm) е германски физичар, најпознат по тоа што го открил односот помеѓу струјата и електромоторната сила. Во негова чест откритието е наречено Омов закон (U = I·R). Покрај ова дал значајни придонеси во областите на акустиката, оптиката и на математиката.

Георг Ом студирал во Ерланген, каде и докторирал во 1811 година. Најнапред работел како предавач по математика во Келн, Берлин и Нирнберг, а во 1849 година станал професор на Универзитетот во Минхен. Во 1827 година го објавил неговото познато дело Галванско коло, математички опишано (Die galvanische Kette, mathematisch bearbeitet). Во делото тој теоретски ја обработува феноменологијата на електричната струја, и со тоа станува прв научник по Кирхоф кој математички ќе ги формулира законите во протокот на електричната струја.

Во доменот на акустиката Ом ќе го дефинира чиститот тон, како синусоиден облик на бранот. Покрај ова тој ја проучувал и линеарната поларизација на светлината, појавата на интерференција при нејзиното поминување низ едноосните кристали и уште многу други работи.

Починал во 1854 година во Минхен.

Во негова чест, единицата мерка за мерење на електричниот отпор во меѓународниот систем на единици и мерки (SI) е наречена Ом [Ω]. (Н. С.)

 

16.3.1927 – Роден е Владимир Комаров

Владимир Михајлович Комаров е советски космонаут, пробен пилот и инженер. Тој бил еден од најискусните и најдобро обучени кандидати коишто биле примени во Првата група на космонаути на СССР.

Во два наврата за време на неговото учество во програмата било потврдено дека Комаров е медицински неспособен за обука или лет во вселената, но неговата упорност и одлични вештини и знаења како инженер му овозможиле да продолжи да има активна улога во програмата. За време на неговата работа во Центарот за подготовка на космонаути, тој придонел во дизајнирањето на вселенски летала, обучувањето на космонаути и нивна оценка, како и во односите со јавноста. Бил назначен да раководи со првата советска мисија со повеќечлена посада “Восход 1“, a потоа и со мисија “Сојуз 1“.

Со неговиот лет во “Сојуз 1“ стана првиот советски космонаут кој летал во вселенското пространство повеќе од еднаш. За жал, при враќањето на “Сојуз 1“од вселената, на 24 април 1967 година, доаѓа до проблеми со падобранот на капсулата и нејзин неконтролиран пад. Така Владимир Комаров стана и првиот човек кој загина при вселенска мисија. Неговоо тело е кремирано и тој е погребан во ѕидот на Кремлин. (Н. С.)

 

16.3.1953 – Роден е Ричард Столман

Ричард Метју Столман (Richard Matthew Stallman) е основач на Движењето за слободен софтвер, проектот ГНУ и на Задужбината за слободен софтвер.

Столман е докажен програмер, неговите главни достигнувања се создавањето на Емакс (подоцна ГНУ Емакс), колекцијата на ГНУ-компајлери, како и на ГНУ дебагерот. Автор е на општата јавна лиценца на ГНУ, најупотребуваната лиценца за слободен софтвер, којашто го зачна концептот на копилефт.

Уште во средината на ’90 години од минатиот век Столман ќе посвети голем дел од неговото време на водење политички кампањи насочени против патентирањето на софтвер и за проширување на законите за авторски права, како и на промоција на употребата на слободен софтвер. Остатокот од времето, коешто некако успева да го издвои за програмирање, го посветува на развојот на ГНУ Емакс. (Н. С.)

 

16.3.1853 – Роден е Хајнрих Кајзер

Хајнрих Густав Јоханес Кајзер (Heinrich Gustav Johannes Kayser) е германски физичар и спектроскопичар. Роден е во Бинген на Рајна.

Неговата првична работа била на полето на карактеристиките на акустичните бранови. За време на затемнувањето на Сонцето во 1868 година, тој го детектирал присуството на хелиум во атмосферата на Земјата. Откритието било направено кога забележал нова спектрална линија во сончевиот спектар. Во 1905 година напишал труд во врска со теоријата на електроните.

Хајнрих Кајзер починал во Бон во 1940 година.

Единицата мерка Kајзер во CGS (centimetre–gram–second) системот, преку којашто се опишува брановиот број во спектроскопијата, го носи неговото име.  (Н. С.)

 

16.3.1926 – Роберт Годар ја лансира првата ракета со течно гориво

Лансирањето на првата ракета на течно гориво Годар (Robert Goddard) го остварил од фармата на неговата тетка во Обурн, Масачусетс. Ракетата постигнала висина од 12,5 m и брзина од 100 km/h. Ракетата висока 3 m користеше мешавина од течен кислород и бензин. (Н. С.)

 

16.3.1859 – Роден е Александар Степанович Попов

Александар Степанович Попов (1859 – 1905) е руски физичар, прв којшто употребил антена за емитување и примање на радиобранови. Во Русија Попов се смета за изумител на радиото. Но, Александар Попов повеќе бил заинтересиран за атмосерските феномени и го конструирал неговиот уред со цел да го детектира радиошумот којшто го емитуваат молњите. (Н. С.)

 

16.03.1990 – Интернетот се протега надвор од САД кон Европа

Националната фондација за наука најави дека ќе ја прошири својата мрежа со брза врска со податоци до Европа. Пет години порано, Интернетот се својата модерна форма започна да се развива брзо благодарение на формирањето на NSFNET, кој поврза пет суперкомпјутерски центри во САД. Подоцна во 1990, Европа придонесе за растот на Интернетот кога Тим Бернерс-Ли на ЦЕРН го разви HTML, јазикот што се користи за World Wide Web. (З. И.)

Клучни зборови:
Георг Ом

Георг Ом

Георг Ом

Георг Ом

Поштенска марка на Германски пошти со која се оддава почит кон делото на Ом

Поштенска марка на Германски пошти со која се оддава почит кон делото на Ом

Еден од експериментите на Георг Ом –мерење на електричната струја што поминува низ лента од бакар.

Еден од експериментите на Георг Ом –мерење на електричната струја што поминува низ лента од бакар.

Владимир Комаров

Владимир Комаров

Владимир Комаров за време на медицинските проверки пред лет

Владимир Комаров за време на медицинските проверки пред лет

Сè што остана од капсулата Сојуз 1 со Комаров по падот на Земјата

Сè што остана од капсулата Сојуз 1 со Комаров по падот на Земјата

Ричард Столмен

Ричард Столмен

Ханрих Кајзер

Ханрих Кајзер

Роберт Годар при еден од неговите експерименти

Роберт Годар при еден од неговите експерименти

Александар Степанович Попов

Александар Степанович Попов, во Русија на него се гледа како на татко на радиотехниката