Информатика
Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd на виртуелниот настан Galaxy Unpacked ги претстави новиот паметен часовник Galaxy Watch3 и безжичните слушалки Galaxy Buds Live.
Објавено на 06.08.2020 - 13:00

Информатика
Безбедносната компанија CheckPoint открила критичка ранливост на Windows DNS серверот стар дури 17 години. DNS (domain name system) е систем кој дава услуги за промена на IP адреси во домеин и домеин во IP адреси. DNS најчесто праќа информација преку UPD портата 53. Клиентот испраќа едно барање до серверот, а серверот му одговара со едно барање.
Објавено на 05.08.2020 - 13:30

Информатика
Пред две години Google ја стартуваше опцијата за Google One членство, кое нудеше повеќе различни планови за складирање податоци, можност за споделување на просторот за складирање со други членови или со семејството, поволности за овие членови во сегментот на онлајн продавницата за апликации Google Play, поддршка “во живо” и слично. Покрај тоа, стартуваше и автоматскиот backup за податоци и креирање на безбедносни копии за сите корисници на Андорид уредите.
Објавено на 04.08.2020 - 15:15

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на руско-американскиот иноватор Владимир Зворикин, пионер во доменот на телевизијата, и Стефани Кволек, американската хемичарка што го пронајде кевларот. Ја одбележуваме годишнината од смртта на британската хемичарка и нобеловка Дороти Хоџкин, од слетувањето на мисијата Аполо 15 на Месечината и од добивањето на првата детална фотографија од површината на Месечината.
Објавено на 31.07.2020 - 21:30

Информатика
Facebook ќе овозможи дополнително ниво на сигурност при отворањето на апликацијата Messenger на iPhone и iPad. Сега таа може да се заклучи при затворање по што, за да ја отворите, побарува потврда на идентитетот со помош на Face ID или TouchID.
Објавено на 31.07.2020 - 14:15

Информатика
М6 Едукативниот Центар, кој се наоѓа на листата даватели на обуки за дигитални вештини за млади лица во соработка со КАБТЕЛ, креираше нестереотипна обука Networks and Cyber security. Оваа обука го развива, пред сè, практичното знаење на учесниците, со која, по завршувањето на обуката, стануваат подготвени за работа во голем број компаниите во кои овие вештини се повеќе од неопходни.
Објавено на 30.07.2020 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Денес, од Кејп Канаверал, НАСА го лансира роверот Упорност (Perseverance), познат и како Марс2020. Според планот роверот треба да слета на површината на Марс на 18 февруари 2021 година во кратерот Језеро.
Објавено на 30.07.2020 - 13:30

Електроника
Една од најважните вештини што треба да ја стекне секој што сака да се занимава со практична електроника е лемењето. Па така, секој вистински и пасиониран електроничар, веќе одамна ги има прочитано сите објавени упатства и совети за лемење од стручните книги и списанија за електроника и има изгледано стотици видеа на YouTube на оваа тема. Поседува повеќе лемила и лемни станици за различни намени и се гордее со вештината со којашто знае да ги користи. За одржување на кондицијата, дневно леми и одлемува најмалку по сто компоненти на/од двострани плочки (за однапред зададено време), ужива во мирисот на растопениот калофониум и смета дека е кондициски подготвен за каков било натпревар или задача поврзана со лемење, барем на државно ниво. Но, дали неговата висока самодоверба и мислење за себе навистина соодветствуваат на неговите способности и на постигнатото ниво? А што ако направил некаков ситен превид, па некако се случило во темелите на своето знаење да стави и некои фалични елементи, сметајќи ги за исправни? Дали некогаш направил сериозен стрес-тест, за да ја провери стабилноста на својата градба?
Објавено на 30.07.2020 - 12:45

Астрономија и астронаутика
Стандарден облик на џуџеста галаксија
При еден неодамна спроведен проект од Институтот за вселенска наука (Institute of Space Sciences, ICE - CSIC), истражувачки оддел при Институтот за вселенски студии на Каталонија (IEEC), со користење на техниката на спектроскопско интегрално поле (IFU – Integral Field Unit) биле идентификувани масивни црни дупки во џуџестите галаксии. Истражувачите откриле 37 вакви објекти, од кои 23 се новозабележани, бидејќи при претходните набљудувања на истите галаксии не биле пронајдени докази за нивно присуство. Ова е најшироката досега направена студија на џуџестите галаксии со примена на оваа техника.
Објавено на 29.07.2020 - 15:15

Информатика
Иако целта беше собирање на најмалку 10 илади долари проектот PrintPods досега на платформата Kickstarter веќе собра над 150 илјади американски долари за изработка на “најнапредниот рачен печатач за секаков вид површина “, како што го тврдат неговите творци.
Објавено на 29.07.2020 - 15:15

Pages