Колумна
Насловната страница на првиот број од списанието ЕМИТЕР
Изгледа неверојатно, барем за мене, но ете изминаа 25 години од излегувањето на првиот број на ЕМИТЕР, на денешен ден, во август 1995 година. Но приказната за ЕМИТЕР е започната барем десетина години порано, кога како ученик редовно ги читав југословенските списанија „Техничке новине“, „САМ свој мајстор“, „Радиоаматер“ и „Галаксија“, а потоа, како студент и британскиот „Elektor“ и многу други научно-популарни списанија во Американскиот и Францускиот културен центар. Некаде тогаш е зачетокот на идејата за наше, македонско научно-популарно и техничко списание.
Објавено на 21.08.2020 - 22:45

Медицина
Научниците при Истражувачкиот центар Скрипс открија молекула која може да го активира протеинот СТИНГ кој го подига природниот имунитет. Наодите се вистински клучен напредок на полето на онкологијата со оглед на тоа што протеинот СТИНГ е познат по неговите силни против-туморни карактеристики.
Објавено на 21.08.2020 - 12:00

Индустриски дизајн
Иако вашата коса, мустаќите, брадата се многу помеки од челикот, сепак оние што се бричат знаат дека кој и да е жилет трпи само неколку употреби. Претходно, истражувачите ова го објаснуваа со затапувањето на остриот раб, кој постепено се аби со секоја употреба. Но, едно ново истражување (да, и овие секојдневности се предмет на сериозни истражувања ;) ) открива дека главен виновник за брзото трошење на вашиот брич е сосема различен процес.
Објавено на 20.08.2020 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов го одблежуваме делото на Елизабет Стерн Шенкмен и нејзиното истражување во доменот на онкологијата, Блез Паскал и неговиот научен придонес во овласта на математиката, физиката и филозофијата, како и на пионерот на информатиката Гордон Бел. Покрај тоа го одбележуваме и денот кога беше откриен елементот хелиум.
Објавено на 19.08.2020 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Научниците открија мистериозно пулсирање на гама-зраци кое потекнува од космички облак од гас. По ништо специјалниот облак, сместен во соsвездието Аквила, пулсира во ритамот на блиската црна дупка, што укажува на поврзаност помеѓу двата објекта. Истражувањето e предводено од Џан Ли од DESY и Диего Ф. Торес, професор при Каталонскиот институт за напредни науки (ICREA) и истражувач при Институтот за вселенски истражувања на Каталонија (IEEC) на Институтот за вселенски науки (ICE, CSIC), резултатите од него беа објавени вчера во списанието Nature Astronomy.
Објавено на 18.08.2020 - 13:15

Информатика
Контроверзниот инженер Ентони Левандовски во е познат по тоа што работеше во одделението за автономни возила во Google (сегашно Waymo). Од таму одлучи да си оди и jа основа својата компанија Otto. И тука можеби лежи дел од проблемот. Имено, Otto исто така се занимава со уреди за автономно возење...
Објавено на 18.08.2020 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Астрофизичарите неодамна се соочија со еден парадокс. Имено, тие брзоплето утврдиле дека староста на една ѕвезда, позната на научниците уште од порано, изнесува 16 милијарди години, што значи дека таа е цели 2,2 милијарди години постара од Бинг-Бенгот, кој што датира од пред околу 13,8 милијарди години и од кој потекнува универзумот според актуелниот научен модел...
Објавено на 17.08.2020 - 13:15

Географија
Античкиот географ и математичар Ератостен (275 – 194 пр.н.е.), е таткото на географијата; неговата географска терминологија се користи и денес. Бил роден во грчката колонија Кирена, денес градот Шахат во Либија. Бил одличен во сите научни дисциплини, па бил наречен „Пентатлонец“ – како натпреварувачите на Олимпските игри кои се способни за одлични резултати во пет различни атлетски дисциплини. Неговите опоненти цинично го нарекувале „Бета“, бидејќи не бил најдобриот („Алфа“) во секоја поединечна наука одделно. Сепак, широките познавања на Ератостен за сите можни области му ја донеле престижната позиција на главен библиотекар во Александриската библиотека – најголемата библиотека во тоа време.
Објавено на 16.08.2020 - 13:45

Медицина
Во вторникот, 11 август 2020, светот конечно слушна вест што ја очекуваше долго и со нетрпение. Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Министерството за здравство на Руската Федерација ја одобрило првата вакцина против SARS-CoV-2 за широка употреба за итни случаи. Развиена е на Институтот Гамалеја во Москва, со поддршка од Министерството за одбрана на Русија.
Објавено на 15.08.2020 - 19:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на данскиот физичар Ханс Ерстед, на британскиот физиолог Ричард Дарвин Кејнс и на францускиот физичар и нобоеловец Луј де Број. Исто така го одбележуваме и денот кога истражувачите на СЕТИ го забележија WOW сигналот.
Објавено на 15.08.2020 - 15:45

Pages