Минатиот месец американското воено воздухопловство спроведе успешен пробен лет на беспилотното летало коешто за прват користи комбинација од автономен хардверски /софтверски пакет. Пакетот, којшто треба да биде сместен во Скајборг (Skyborg) леталото, би овозможил “тесна соработка” помеѓу пилотирано и беспилотно летало.
Првиот пробен лет, спроведен со воздухопловот Kratos UTAP-22 Mako, претставува само прв чекор во Кампањата за автономно експериментално испитување на воздухоплови (Autonomous Attritable Aircraft Experimentation Campaign). Крајна цел на американската армија е да пронајде автономно решение коешто ќе може да ги спроведува сите функции на едно пилотски управувано летало, истовремено пружајќи можност за вклучување на човек во целата операција.
За време на 130 минути долгиот пробен лет, извршен над воената база Тиндал на Флорида, новиот воздухоплов ги прикажал сите основни карактеристики потребни за системот да биде класифициран како безбеден. Скајборг се покажал способен да опстои во доделениот гео-коридор, соодветно одговарал на навигациските команди и ги успешно ги извел сложените маневри. Програмата за ловечки и напредни воздухоплови очекува ова Скајборг летало да го претставува мозокот на идната Скајборг технологија. Крајните цели да се изгради поголема доверба во беспилотните летала, односно во она што се нарекува јадро на системот за автономно делување (autonomy core system – ACS).
Концептуален дизајн на идното нискобуџетно беспилотно летало Скајборг (фото: Истражна лабораторија на Американското воено воздухопловство)
Истражната лабораторија на Американското воено воздухопловство планира и серија тестови со повеќе беспилотни летала контролирани со ACS. Всушност, тимот Скајборг цели кон целосна автономност на леталата за нивните идни мисии, добивање на релативно евтино и прифатливо беспилотно летало чиишто делови ќе можат лесно да се заменат или пренаменат при евентуално оштетување стекнато во борбените активности.
Крајната мисија на дронот Скајборг е развој на беспилотно летало коешто ќе биде способно за брзи самостојни борбени одлуки, во идеален случај избегнувајќи притоа губиток на човечки животи за време на воените активности.