Историјата на животот на Земјата бележи пет пати настани на масовно исчезнување на биолошката разновидност. Сите од нив биле предизвикани од екстремни природни феномени (повеќе за ова тука). Денес, многу експерти предупредуваат дека во тек е Шестата масовна криза, овојпат целосно предизвикана од човечки активности.
Сеопфатната проценка на доказите за овој тековен настан на одумирање, изработена од биолози од Универзитетот на Хаваи во Маноа и Националниот музеј за историја на природата во Париз, Франција беше објавена неодамна во научното списанието Biological Reviews.
Школки од копнени полжави од Руруту (Австралски Острови, Француска Полинезија) - видовите изумреа неодамна, пред да бидат собрани и научно опишани.
Роберт Кауи од Факултетот за наука и технологија за океанот и земјата (SOEST) при Истражувачкиот центар за бионауки на Пацификот и коавторите, преку екстраполирање на проценките добиени за копнените полжави и мекотелите, кои велат дека од 1500 година до денес Земјата е можно да изгубиле некаде помеѓу 7,5 – 13 % од два милиони познати видови на Земјата, процениле дека дошло до исчезнување на неверојатни 150 000 – 260 000 видови. Според Кауви, вклучувањето на безрбетниците било клучно за да се потврди дека навистина сме сведоци на почетокот на Шестото масовно одумирање во историјата на Земјата.
Меѓутоа, како што тие посочуваат, ситуацијата не е насекаде еднообразна. Иако морските видови се соочуваат со значителни закани, нема докази дека кризата влијае на океаните во иста мера како и на копното. Дури и на копно, островските видови, како оние на Хавајските острови, се многу повеќе погодени од континенталните видови. Исто така, стапката на изумирање на растенијата се чини пониска од онаа на копнените животни.
Десно: Дефорестацијата во полза на развој на земјоделието на островот Анжуан на Коморските Острови довело до загрозување на низа ендемски видови коишто сега се сретнуваа само на повисоките ридови и планински врвови. Левo: Некои острови се во голем дел соголени, како островот Рапа дел од Австралските Острови, коишто некогаш бил дом на повеќе од 200 ендемски видови, растителни и животински.
За жал, заедно со појавата на негирање на науката за низа прашања којашто зема сè поголем замав во современото општество, новата студија посочува дека некои луѓе исто така негираат и дека веќе е започнато Шестото големо одумирање. Што уште потрагично, некои го прифаќаат како нова и природна еволутивна траекторија, бидејќи луѓето се само уште еден вид кој ја игра својата природна улога во историјата на Земјата. Некои дури сметаат дека биолошката разновидност треба да се манипулира исклучиво во прилог на човештвото – но, кој е тој што ќе дефинира што точно е тоа што ни оди во прилог?
Во борбата против оваа закана, различни иницијативи за конзервација на видовите се покажаа успешни, барем кај одредени харизматични животни и растенија. (Повеќе за ова второво во “Убавите цвеќиња се проучуваат повеќе” – ЕМИТЕР 1-6/2021) Но, овие иницијативи не можат да ги таргетираат сите видови и не можат да го променат целокупниот тренд на одумирање на видовите. Сепак, од суштинско значење ваквите напори да продолжат да се одвиваат, да се негува чувството на почит кон природата и да се документира биолошката разновидност пред таа да исчезне.
Скелет од Стелерова морска крава, едно од ретките документирани исчезнувања на морски вид.
Како што предупредуваат авторите “Негирањето на кризата, нејзиното прифаќање без реакција, па дури и нејзиното охрабрување претставува укинување на заедничката одговорност на човештвото и отвора пат Земјата да продолжи по својата тажна траекторија кон Шестото масовно одумирање.”
Десно: Дефорестацијата во полза на развој на земјоделието на островот Анжуан на Коморските Острови довело до загрозување на низа ендемски видови коишто сега се сретнуваа само на повисоките ридови и планински врвови. Левo: Некои острови се во голем дел соголени, како островот Рапа дел од Австралските Острови, коишто некогаш бил дом на повеќе од 200 ендемски видови, растителни и животински.