Медицина
Онлајн магазинот Conversation во неколку од неговите изданија, кои покриваат различни говорни и географски подрачја, објави повеќе написи во кои појаснува што точно значат резултатите од новата вакцина за ковид-19 од Фајзер и Биоентек и дали веднаш и сите може да сметаат на неа. Тука ви пренесуваме делови од две нивни статии.
Објавено на 13.11.2020 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Структурата на универзумот не ја сочинуваат случајно расфрлани објекти, како што тоа изгледа на прв поглед, туку гледано во крупен размер, таа е составена од мрежа од “конци” (filaments), на кои како монистри се “нанижани” галактичките јата обвиткани со гас, а помеѓу тие “конци” се наоѓаат огромни празнини, така што целата таа конфигурација наликува на мрежа од пајажина, па космолозите така и ја нарекле “космичка пајажина” (cosmic web). Ваквата структура на универзумот астрономите ја осознаваат индиректно, со набљудување на многу далечни светлински извори, при што забележале дека светлината од тие извори покажува “шума” од водородни апсорпциски линии, всушност пајажински конци, коишто патем ја пресретнуваат таа светлина.
Објавено на 11.11.2020 - 13:00

Омнибус
Во овој времеплов го одбележуваме создавањето на еден нов хемиски елемент – дармштатиумот, претставувањето на еден сосема нов вид интернет прелистувач – Фајрфокс и првиот повик остварен директно и на далечина, без посредство на телефонските оператори.
Објавено на 09.11.2020 - 12:00

Аудио и видеотехника
Меѓународниот натпревар нуди одлични, вредни и уникатни награди
NAD Electronics им нуди на обожавателите на рок-иконата Нил Јанг шанса да освојат одлична аудио опрема и луксузно издание со автограм
Објавено на 06.11.2020 - 13:15

Биологија
Со напредокот на возраста луѓето ја претпочитаат дружбата во мали групи стари пријатели, каде интеракциите се позитивни и без стрес. Нешто што се чини дека го прават и шимпанзите.
Објавено на 06.11.2020 - 11:15

Астрономија и астронаутика
Радиоастрономите кои го набљудуваат небото во потрага по невообичаени настани открија брз изблик на радиосигнали (fast radio burst, FRB) во соѕвездието Лисица (Vulpecula), оддалечено 30 000 светлосни години од Земјата, во рамките на нашата галаксија Млечниот Пат. Детектираните FRB биле во радиофреквенцискиот појас од 1,281 до 1,468 GHz.
Објавено на 05.11.2020 - 14:45

Омнибус
Во овој времеплов го одбележуваме денот кога интернетот ја оствари бројката од 100 милиони страници, денот кога Гугл ја воведе платформата Андроид, а славиме и два родендени – на францускиот хемичар и нобеловец Пол Сабатје и на шкотскиот астроном и математичар Џејмс Грегори.
Објавено на 05.11.2020 - 14:15

Електроника
Тестирање на UHF конверторот
Во фокусот на овој краток прилог е еден уред, што зазема посебно место во историјата на телевизијата. Потекнува од седумдесеттите години и обично можевме да го видиме покрај најстарите модели на црно-бели ТВ-приемници, во домовите на нашите дедовци и баби или други постари роднини.
Објавено на 05.11.2020 - 10:00

Психологија
Ковид-19 ја зголеми анксиозноста кај многумина; експертите предупредуваат дека дел од популацијата може да остане со ментални проблеми и по завршувањето на пандемијата.
Објавено на 04.11.2020 - 15:30

Pages