Во овој напис, со помош на најновите резултати од една огромна студија добивме драгоцени докази од реалниот свет и ќе покажеме дека протоколот базиран на ивермектин навистина повеќекратно го намалува ризикот од смрт. Потоа, ќе покажеме дека со примена на ист или подобрен протокол, смртноста во Македонија може да се намали за 4 до 11 пати.
Првата ретроспективна опсервациска студија со 3 099 пациенти
Конечно пристигна извештајот од првата огромна студија за ефектите од лекувањето со ивермектин на симптоматски пациенти, во амбулантски и болнички услови, во два медицински центри во Доминиканската Република. Оваа ретроспективна опсервациска студија опфатила 3 099 пациенти со извесна или веројатна дијагноза за ковид-19 во периодот од 1 мај до 10 август. Во продолжение ќе дадеме краток преглед на методот, протоколот и на резултатите.
Вкупно 3 099 пациенти биле евалуирани, дијагностицирани и третирани во два медицински центри во Доминиканската република:
Протокол за лекување
Оние со лесна клиничка слика биле амбулантски лекувани и им бил даден ивермектин со дозирање од 0,4 mg/kg орално, во единечна доза, и азитромицин 500 mg на ден во текот на 5 дена, со понатамошно следење.
Хоспитализираните пациенти добиле ивермектин со дозирање 0,3 mg/kg, првиот и вториот ден, а дозата се повторила на шестиот и седмиот ден. Исто така, добиле и азитромицин 500 mg дневно, вкупно 7 дена.
Стапка на хоспитализација и стапка на смртност по хоспитализација
Зошто и на кој начин оваа студија е важна за Македонија и, воопшто, за светот? Затоа што моделот и протоколот според кој биле лекувани пациентите во рамките на оваа студија го квантифицира влијанието на ивермектинската терапија врз два основни параметри од кои директно зависи стапката на смртност:
Одредувајќи ги овие параметри за моделот применет во студијата, можеме лесно да ги споредиме со вредностите на истите параметри во Македонија и каде било во светот. Така, многу прецизно ќе утврдиме колку помага ивермектинот и конечно ќе пресметаме колку стапката на смртност на симптоматски случаи (ССС) за пациентите во Македонија е поголема од ССС за пациентите третирани според протоколот во студијата.
Симптоматски наспроти потврдени случаи
Најпрвин, треба да се потсетиме дека кога се зборува за позитивни од ковид-19, се мисли на сите случаи потврдени со позитивни PCR-тестови. За оваа анализа, клучно е да се разбере дека позитивните потврдени случаи ги опфаќаат и симптоматските и асимптоматските случаи. Според едно систематско истражување на литературата, утврдено е дека асимптоматските носители на вирусот учествуваат со 40-45% од вкупниот број на потврдени случаи. Од друга страна, во Македонија, официјалните здравствени авторитети во неколку наврати изјавија дека бројката на асимптоматски и лесни потврдени случаи оди до 80%. Во една пригода, беше спомната и бројка од 86%. Сепак, во овие проценти спаѓаат и болни со многу лесна клиничка слика, така што реалниот процент на асимптоматски потврдени случаи е помал од 80%, но веројатно блиску до 50%.
За потребите на анализата, ќе претпоставиме дека процентот на асимптоматски носители е 40%. Тоа претставува 67% (40/60*100) од бројот на симптоматски носители. Значи, важи следното:
Потврдени позитивни случаи = симптоматски случаи + асимптоматски случаи
Потврдени позитивни случаи = 1,67 * симптоматски случаи
Зошто е ова важно? Во студијата од Доминиканската Република, воопшто нема асимптоматски носители на вирусот. Имено, сите пациенти се клинички дијагностицирани од ковид-19, што подразбира само симптоматски пациенти.
Од друга страна, главен статистички параметар што се пресметува за секоја држава е стапката на смртност на потврдени случаи (ССП). Но, ССП ги вклучува и асимптоматските потврдени случаи, меѓу кои нема смртни исходи. Единствено симптоматските случаи може да резултираат со смртен исход. Оттука, стапката на смртност на симптоматски случаи (ССС) е многу порелевантен статистички параметар бидејќи е фокусиран единствено на симптоматските пациенти од ковид-19. Затоа, во понатамошниот текст, ќе се фокусираме и ќе оперираме со овој параметар.
Останува да ги одредиме стапката на хоспитализација (СХ) и стапката на смртност по хоспитализација (ССХ) во доминиканската студија. Што ни треба?
Број на симптоматски случаи: 3 099
Број на хоспитализирани пациенти: 411
Број на починати хоспитализирани пациенти: 37
СХ(ИВМ) ‒ стапка на хоспитализација за третирани со ивермектин
ССХ(ИВМ) ‒ стапка на смртност по хоспитализација за третирани со ивермектин
Веќе сигурно погодувате, следно е да видиме колкави се СХ и ССХ за симптоматски случаи во светот и кај нас и да ги споредиме со вредностите што произлегуваат од доминиканската студија.
Стапката на хоспитализација на потврдени позитивни случаи, според СЗО, е проценета на околу 20%. За Македонија, процентот на хоспитализирани во јуни бил 15%, додека во септември бил 17%. Значи, СХ за потврдени позитивни случаи се движи во опсегот 15÷20%. Но, нам ни треба СХ само за симптоматските случаи. Имајќи ја предвид горната претпоставка дека бројот на позитивни потврдени случаи е 1,67 пати поголем од бројот на симптоматски случаи, СХ за симптоматски случаи би била 1,67 пати поголема од СХ за потврдени позитивни случаи. Оттука, следува дека:
СХ(симпт) = 1,67 * (15÷20)% = (25÷33)%
Колкава е стапката на смртност по хоспитализација? Според една германска студија, стапката на смртност меѓу хоспитализираните е околу 22%. Според друга американска студија, ССХ е околу 25%. Значи, ССХ се движи во опсегот 20÷25%.
Ивермектинот ги намалил двете стапки
Навистина, ако ги споредиме стапките добиени од доминиканската студија, ќе добиеме дека:
СХ(ИВМ) = 13,3% → 2 до 2,5 пати помала од светската (25÷33)%
ССХ(ИВМ) = 9% → 2 до 3 пати помала од светската (20÷25)%
Се заклучува дека ивермектинот ја намалува и стапката на хоспитализација за 2 до 2,5 пати, и стапката на смртност меѓу хоспитализираните за 2 до 3 пати. Ова е голема добивка што ниеден друг лек досега ја нема демонстрирано.
Ивермектинот би ја намалил и македонската стапка на смртност
Вкупната македонска стапка на смртност на позитивните случаи (ССП) од почетокот на пандемијата до денес е нешто над 3%. Стапката на смртност на симптоматските случаи ќе ја добиеме со множење на ССП со факторот 1,67 за да се ослободиме од асимптоматските случаи (кои не влијаат на смртноста):
ССС(МК) = 1,67*ССП(МК) = 1,67 * 3% = 5%
Од друга страна, ССС е производ од СХ и ССХ, па така за пациентите од доминиканската студија добиваме:
ССС(ИВМ) = СХ(ИВМ) * ССХ(ИВМ) = 13,3% * 9% = 1,2%
Конечно, ако ги споредиме ССС(МК) и ССС(ИВМ), нашата стапка е повисока за повеќе од 4 пати. Заклучокот самиот се наметнува. Ако во Македонија се примени ивермектинска терапија според протоколот во доминиканската студија, би можеле да имаме намалување на смртноста од ковид-19 за најмалку 4 пати. Замислете колку животи би биле спасени со ваква стратегија!
Но, дали протоколот опишан во студијата е оптимален?
Има и подобар протокол
Забележете дека во доминиканскиот протокол, пациентите биле третирани со ивермектин (и азитромицин) дури откако самите ќе побарале помош.
Така, оние со лесни симптоми побарале медицинска помош и добиле третман по средно време од 3,6 дена од почетокот на симптомите. Бидејќи имале лесна клиничка слика и побарале помош навреме, си поминале најлесно, со само еден починат од вкупно 2 706 лесни случаи.
Оние што развиле средно тешка клиничка слика, побарале медицинска помош по средно време од 6,9 дена од почетокот на симптомите. Бидејќи побарале помош во фаза кога веќе некои од нив развиле цитокинска бура, 1% од нив починале.
Оние што развиле тешка и критична клиничка слика, побарале медицинска помош по средно време од 7,8 дена од почетокот на симптомите. Бидејќи веќе биле во тешка или критична состојба и многу од нив развиле тешка цитокинска бура, процентот на смртност во оваа подгрупа достигнал 30%.
Од ова се заклучува дека протоколот не бил оптимален. Многу подобро за сите пациенти ќе било доколку биле дијагностицирани навреме, и тоа во првите неколку дена од почетокот на симптомите. Зошто? Од повеќе студии е познато, и како што објасни д-р Марик, во првите 7 дена од почетокот на симптомите, пациентот е во фаза на репликација на вирусот. Во оваа фаза можат да помогнат само антивирусни лекови, со цел да се прекине размножувањето на вирусот и да се спречи цитокинска бура. Ако вирусот не се совлада во првите 7 дена, некои пациенти влегуваат во опасна пулмонална/инфламаторна фаза со силна цитокинска бура којашто може да го убие сопствениот организам.
Значи, клучот за справување со ковид-19 е во примањето антивирусна терапија, и тоа во првите денови од симптомите, или таканаречен ран третман. Ивермектин е антипаразитски лек со докажани антивирусни особини со широк спектар и сѐ повеќе студии потврдуваат дека е извонредно ефективен и против ковид-19.
Протоколот на д-р Тарек Алам
Според клиничкото искуство на д-р Тарек Алам, човекот што прв почна со терапијата ивермектин+доксициклин во мај оваа година, со помош на која досега третирал илјадници пациенти, стапката на хоспитализација за симптоматски случаи се движи во опсегот од 2 до 5% доколку се почне во првите 5 дена од почетокот на симптомите. Ако ја земеме повисоката стапка како попесимистичка и ја искористиме стапката на смртност по хоспитализација од доминиканската студија, би добиле:
СХ(ИВМ) = 5% → 5 до 6 пати помала од светската (25÷33)%
ССХ(ИВМ) = 9% → 2 до 3 пати помала од светската (20÷25)%
ССС(ИВМ) = 5% * 9% = 0,45% → 11 пати помала од ССС(МК)=5%
Следува дека со хипотетичката примена на ран третман со ивермектин во Македонија, би добиле намалување на смртноста од 11 пати и 5 до 6 пати намалување на бројот на пациенти во македонските болници.
Визуелизирање на резултатите во графичка форма
На следните графикони се прикажани претходните нумерички резултати во формат едноставен за разбирање на придобивките од терапиите базирани на ивермектин.
Се разбира, доминиканската студија е само една од многуте позитивни студии за ивермектин против ковид-19. Во продолжение ќе спомнеме некои од останатите.
Студии за профилакса со ивермектин против ковид-19
Во една студија за профилакса со контролна група по случаен избор, најблиските членови на веќе инфицирани со коронавирусот примиле ивермектин (post-exposure prophylaxis) со две дози во рок од три дена. Во групата третирани со ивермектин 7% се инфицирале, додека 58% од нетретираните се инфицирале. Редукцијата на ризикот за инфекција е 8 пати.
Во друга студија со контролна група по случаен избор, здравствени работници во неколку болници биле поделени во третирана и контролна група. Пациентите од третираната група редовно примале ивермектин во капки и назален спреј од iota carrageenan во првите 14 дена. Во контролната група имало 11% инфицирани, а пак меѓу третираните никој не се заразил. Потоа, оваа практика ја продолжиле и со поголем број здравствени работници во 4 болници. Резултатот е фантастичен. Ниеден од 788 третирани здравствени професионалци не се заразил, додека во групата од 407 нетретирани, дури 58% се заразиле.
Во последната студија за профилакса, објавена пред некој ден, било забележано 73%-намалување на ризикот за инфекција кај здравствените работници кои добиле две дози ивермектин во рок од 3 дена.
Студии за лекување со ивермектин против ковид-19
Ќе наведеме само три репрезентативни студии што ја демонстрираат ефикасноста на ивермектин во сите фази од ковид-19.
Во последната рандомизирана, двојно слепа, плацебо-контролирана студија со пристојно голем статистички примерок (183 + 180), пациенти со лесна и средно тешка клиничка слика третирани со комбинација од ивермектин и доксициклин имале побрзо оздравување, многу помал процент од нив имале влошена клиничка слика, побрзо се исчистиле од вирусот и никој не починал. Во плацебо групата, тројца пациенти починале.
Во друга релевантна студија, 115 пациенти примиле ивермектин, а 133 биле контролна група. Во третираната група, прогресија на болеста се случила само кај 2% од пациентите, додека овој процент во контролната група бил 15%. Сите останати параметри биле супериорни во однос на контролната група, вклучително и смртноста којашто во групата со ивермектин била 1%, додека во контролната група била 7%.
Ретроспективна нерандомизирана студија е реализирана во неколку болници во Флорида во текот на март, април и мај. Смртноста во групата третирана со ивермектин е 15%, додека смртноста во контролната групата е 25%. Намалување од 40%. Уште поважно е дека во подгрупа од тешко и критично болни имало намалување на смртноста од 52% (од 80% на 39%). За споредба, сличен резултат имале и во доминиканската студија, каде што починале 30% од тешко и критично болните. Ова е доказ дека ивермектинот има не само силни антивирусни својства, туку може и да ја смири цитокинската бура благодарение на неговите имуномодулаторни и антиинфламаторни особини.
Како ивермектинот се бори против ковид-19?
Ивермектинот има одамна докажан антивирусен потенцијал со широк спектар. Во неколку неодамнешни трудови се теоретизира начинот на којшто ивермектинот се бори против ковид-19. Постојат најмалку три можни механизми на дејствување:
1. Ја спречува репликацијата на вирусот
Досега има неколку молекуларни студии (таканаречени in silico студии бидејќи се засноваат на компјутерски моделирања и симулации). Според една теорија, SARS-CoV-2 има т.н. spike протеин со помош на кој се закачува за ACE2 рецептор и влегува во цитоплазмата на клетката каде што се реплицира. Според студијата, има цврсти докази дека молекулата на ивермектин се врзува со spike протеинот и практично го оневозможува да се закачи на ACE2 рецепторот. Бидејќи вирусот не може да влезе во клетката, не може ни да се реплицира.
2. Го спречува вирусниот протеин да навлезе во јадрото на клетката
Ова е најчесто цитираниот механизам во литературата. Во нормален случај, SARS-CoV-2 протеинот се транслоцира во јадрото на клетката со помош на неговиот импортин-α (IMP-α) и importin-β (IMP-β) хетеродимер. Штом навлезе во јадрото, SARS-CoV-2 протеинот се ослободува од IMP-α/β комплексот. Овој протеин го исклучува алармниот систем којшто ја активира првата линија на одбраната: производството на интерферон и повикот за помош до природните клетки-убијци.
Според овој механизам, кога вирусот е веќе во цитоплазмата, молекулата на ивермектин го дестабилизира комплексот импортин алфа/бета и вирусот е спречен да пушти протеин во јадрото. На овој начин, ивермектинот ѝ помага на првата линија на одбрана, т.е. му овозможува на неспецифичниот имун систем непречено да се пресмета со вирусот.
3. Антиинфламаторна и имуномодулаторна функција
Кога ќе почне цитокинската бура, веќе е доцна да се убива вирусот, но тој и онака веќе е мртов. Но, ивермектин покажал и својства за фина регулација на имуниот систем, а и го намалува производството на инфламаторни цитокини. Впрочем, неговата ефикасност во раната и доцната пулмонална/инфламаторна фаза е емпириски докажана во студијата во САД, студија во Аргентина и во студија во Ирак.
Ивермектинот во протоколи за профилакса, ран третман и за болничка нега
Иако сѐ уште не го добива заслуженото внимание на глобално ниво од неразбирливи причини, голем број лекари и клинички центри веќе го вклучија ивермектинот во протоколите за лекување и за профилакса. Една таква глобална иницијатива e Front Line COVID-19 Critical Care Alliance (FLCCC) којашто е група од реномирани специјалисти за критична нега со повеќе од 1 000 медицински публикации. FLCCC е предводена од д-р Пол Марик, раководител на одделот за пулмонална медицина и интензивна нега на Eastern Virginia Medical School, во Вирџинија, САД. Оваа група е автор на два протокола во коишто ивермектинот има клучна улога:
I-MASK+: протокол за профилакса и за рано амбулантско третирање
MATH+: протокол за болничко лекување
Се надеваме дека ивермектинот конечно ќе влезе во радарот на мејнстрим здравствените авторитети кои ќе ги согледаат бројните позитивни резултати од разни клинички студии и ќе го вклучат во протоколите за профилакса, ран амбулантски третман и за болничко лекување.
Ах, за малку ќе заборавев. Многумина се загрижени за тоа колку ивермектинот е безбеден лек, односно дали предизвикува споредни или несакани ефекти. Немојте воопшто да се грижите. Ивермектинот е еден од најбезбедните лекови на планетава. Во последните три децении, препишан е во најмалку 3,7 милијарди дози низ целиот свет. Дозите одобрени за употреба не предизвикуваат споредни или несакани ефекти. Но, нема потреба слепо да верувате, прочитајте ги барем оваа и оваа студија, и ќе се уверите самите.