Во почетокот ќе објасниме дека сето искуство во врска со дејството на природните сили, коешто ние го чувствуваме во секојдневието, можеме да го објасниме со постоење на само 4 (четири) категории фундаментални сили: гравитацијата, електромагнетската, јаката нуклеарна сила и слабата нулеарна сила. Нивното дејствување е резултат на интеракцијата којашто постои помеѓу нив. Меѓутоа, неодамна физичарите евидентирале сигнали за можно постоење и на 5-та фундаментална сила.