Sophos вклучи новитети во својата понуда со воведување на Sophos Data Lake и со лансирањето на Sophos Extended Detection and Response (XDR), со можност за интеграција со решенијата за firewall и е-mail.
Новите опции им овозможуваат на корисниците да ја проверуваат историјата на прелистувачот дури и офлајн, да користат детекција на сомнителните мрежи од заштитниот ѕид (firewall) за да истражуваат сомнителни хостови, да проверуваат обиди за фишинг и многу повеќе од тоа. Со ова, тимовите за ловење закани и ИТ-операции ќе го скратат времето за детекција, бидејќи ќе имаат можност да добијат поширока слика за она што се случува во околината. Штом се детектира нешто сомнително, истражувањето станува побрзо и полесно, со што ќе се скрати и времето за реагирање.
Sophos ja имплементираше и интеграцијата на EDR и XDR во една единствена понуда. Intercept X Advanced со EDR станува Intercept X Advanced со XDR, а Intercept X Advanced Server со EDR станува Intercept X Advanced Server со XDR. На постоечките корисници на Sophos MTR автоматски им се овозможуваат благодатите од новата интегрирана понуда.
Сите постоечки EDR-корисници автоматски ќе добијат XDR-функционалност, додека стандардното складирање податоци во Sophos Data Lake ќе биде зголемено од седум на 30 дена историја. Корисниците кои веќе имаат EDR за крајни корисници или серверски EDR ќе добијат подобрено искуство – нови опции за детекција и одговор, како и дополнително зачувување податоци. Сите EDR-корисници кои имаат Sophos Firewall или Sophos Email сега ќе имаат полза од вкрстувањето на производите. А најдобрата вест за корисниците е тоа што сите новини доаѓаат без дополнителни трошоци.
Тајмингот на овие промени се совпаѓа со крајот на продажбата на Central Endpoint Protection (CEP) и воведувањето на Intercept X Essentials, што исто така ја поедноставува понудата на Sophos, додека истовремено се зајакнува безбедноста што им се нуди на корисниците.
Решенијата na Sophos се достапни во Македонија во Кабтел, Gold Partner за Македонија. Искористете ги тековните промоции Endpoint и Server заштита – тригодишна претплата по цена од еднoгодишна и Sophos Firewall & XGS – 100% попуст на хардверот за 3-годишни лиценци, заштитете се и заштедете.